МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: ПРОБЛЕМ, А?

  • October 4, 2016

Најзабавни ми се Ацо Дува-на-полноќ, Герис и слични корисници на Соросови пари за уништување на оваа држава кога ќе добијат нарачка да цвичат, стенкаат, плачат, се жалат, кукаат… Тогаш де, кога нивниот падрон има проблем со замисленото и посакувано свое сценарио.

resenie-infomaks

Па така, во океанот од разни бирократски наметнувања од странство постои и таканаречен “Национален Акциски план за отворено Владино партнерство“.

Битни моменти за учеството во работните групи е што може да учествува секој што е заинтересиран и што ангажманот не се плаќа.

Но, битно е да се разбере за што се работи.

Накратко, некоја си белосветска приватна организација со бомбастично име (како и во случаите со Светска банка, Меѓународен Монетарен фонд и сл.) Open Government Partnership (http://www.opengovpartnership.org/) формирана пред неколку години сака на државите да им наметне свои правила. Реално, некои работи се сосема во ред, како на пример Климатски промени или Фискална транспарентност. Но, доколку се навлезе во проблематиката се гледа дека на мала врата во управувањето на државата сакаат да се внесат луѓе и групи (НВО) кои не се бирани од народот на непосредни избори. Значи оние кои немаат легитимитет. Слично како врхушката во Брисел.

Па така, вредно е да се каже дека оваа OGP е финасирана од газдата и основачот на eBay Пјер Омидар преку неговата “Мрежа Омидар“. Тој лани дал 4 милиони евра во OGP. Потоа, финасирана е и од, види чудо, Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос. Тој лани дал “само“ едно милионче. Пари даваат и  Hewlett Foundation, па потоа Ford Foundation, па United States Agency for International Development (USAID) и се така. Даваат пари и владите на повеќе земји. В. Британија дала 127.000 долари, Италија 50.000 долари…

И, зошто е сега паниката кај Ацо Кабранов кој јавно призна дека дува на полноќ и кај Бранко Героски кој му се израдува на Бранко Црвенковски како да добил 7-мица на Лото во време на Сузана Манчиќ?

Па, дечките си замислиле ваква утакмица: “Имаме два тима, двата се наши,  ние ги составуваме. Сите играчи се наши. Се игра на наш стадион. И судијата е наш. И помошниците и делегатот е наш. Ама, на стадионот нема публика (народ) за да гледа што и како се игра. Туку на крајот само ќе ви го кажеме резултатот“.

За да го направат ова, членови на работни групи, меѓу другите, се:

  • Hада Наумовска, Фондација отворено општество-Македонија
  • Герман Филков, Центар за граѓански комуникации
  • Снешка Илиќ, Реактор
  • Дарко Антиќ, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените- ЕСЕ
  • Данче Даниловска Бајдевска, Фондација отворено on штество-Македонија
  • Дона Димов Марковска, Транспаренси Интернашнл-Македонија
  • Габриела Димовска, Центар за економски анализи
  • Дона Џамбаска, Фондација Метаморфозис
  • Мартин Тодевски, Центар за управување со промени

И така можат да се редат до бесвест. Може баш убаво да се забележи дека најголемиот дел се дебело спонзорирани од Сорос.

Сите тие се представуваат како “граѓански“ здруженија од невладин кампус, што наводно ги штитат своите сограѓани. А, всушност народот ниту ги знае, ниту ги овластил, ниту ги бира, ниту ги сака – ниту на народот му се потребни.

И сега, на нивниот стадион, со нивни судии, делегат, тимови и играчи си се појавува Миленко. Онака како што му е кармата – самичок. И оп, паника. Сите тие од една – Миленко од карши страна!!!

И цвикаат како свињи пред колење Ацо Дува-на-полноќ и Гериз.

Пискотници се слушааат од Отворено општество до Метаморфозис, од Транспаренси до…

Кукаат, ама вообичаено за нив и ЛАЖАТ.

Ацо Дува-на-полноќ ќе напише: “Миленко бил уфрлен во групите минатата недела од страна на Муцунски“. А, од решението (ете го имате како фотка), се гледа дека е од 06.07.2016 година. Потоа вели: “Според информациите на Либератс, Неделковски денеска за прв пат се појавил на состанок“. А вчера беше и прв состанок на кој бев поканет, односно прв по годишните одмори.  И се така по ред.

На крај да кажам, целата оваа иницијатива има сосема добри намери. Но, јас нема да дозволам, ако ништо друго ќе бидам гласен, да се упикаат штетни иницијативи, предлози, личности во делот од процесот во кој ќе учествувам.

Исто така да кажам дека сум ептен задоволен од настапот, ставот, професионалноста и трпеливоста на владините службеници што доаѓаат на овие состаноци.

Хехехехееее, они соросоидите си мислеа сами ќе си бидат, никој нема да им смета…

Проблем, а?

 

Миленко Неделковски

04.10.2016

07.57 ч.

 

Претходно «
Следно »