December 3, 2020, 8:50 pm

Милетиќ: Како е, а како треба?

Поврзано

„Прашањето ми е следно“: Boнpeдно издание во 21:00 со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски

Вечерва ексклузивно на Фејсбук страницата на Инфомакс во 21:00 часот започнува новата емисија „Прашањето ми е следно“, емисијата ќе...

Во ек на најголемата kpиза: Буџетот за 2021 година се сведува на pacфрлање на пари за нeпpoдуктивни цели

Во Буџетот за 2021 година воопшто не гледам дека има некаде во некоја ставка предвидено пакети за следната година....

Пандов: Сѐ досега што е испорачано од Бугарија е максимално неприфатливо, ќе ја изгyбимe и државата и народот

-ВМРО-ДПМНЕ е историски европска партија, но имаме црвени линии, се досега што е испорачано од Бугарија е максимално неприфатливо,...
- Advertisement -

Со години ги слушам нашите политичари во Македонија како велат и се колнат на верност „НАТО, ЕУ“, а „под житото „муљаат“ со руски пари. А кога нешто ќе „зачкрипи“, за се се виновни Албанците или Србите, по кој редослед сакате – битно тие, политичарите, се безгрешните.

Не ги лажете вие ниту Европа ниту Русија ниту Америка ниту НАТО, ниту пак народот. Сите ве набљудуваат. До кога? Во Македонија го имаме најусовршениот пример на робот (политичарот). Се управува далечински, но фала му на Бога – има рок на употреба. А потоа – следниот. Што ќе ни е јазик, што ќе ни е историја, кога сме ја усовршиле „роботиката“. „Вози Мишко со затворени очи“, постои навигација.

Не ми грижа за вас како ќе завршите. Битно е народот да не седне во нивниот автобус, бидејќи го возат право во провалија. Подобро е пешки, полека и сигурно.

Но, што може да се прави кога не слушнале за песната на „Бјело Дугме“ под наслов „Што би дал да си на мое место, да те мразат, а да ти се восхитуваат?“ Овие денес само ја слушаат песната на групата Аба – “Money, Money”, а сепак одат пак само по „Бјело Дугме“ – „Се колнам со сината селска крв“. Браво?! Ако мислите дека е за „браво“…
Оваа мода остана само уште кај нас во Македонија. А како покритие им треба песната од Гиле „Југословенка“.

Најдобриот начин да не се знае кој е кој, од каде и зошто, па сеуште се држат до онаа југословенската „Кој не е со нас, тој е фашист“. Или во духот на СКЈ, „Кој вели поинаку, клевети и лаже“.

Господа, јас пливам спротивно од вас. Србин сум и ја почитувам секоја нација и вера. Сега, кога секој има своја држава или државичка, можеме да бидеме добри соседи коишто се помагаат и почитуваат. Не сме сите исти и секој има своја специфика, па оттука почнува примената на старата поговорка „Колку ме почитуваш – толку ќе те почитувам“.
Нашите политичари кога ќе се најдат „во тесно“ имаат еден одговор: „Така сака Западот, ние сме мали и ситни, тука ништо не се може“. Во тоа има вистина, но никој не кажува дека кога Западот бара да се реши некој проблем – Западот и нуди помош во неговото решавање, а нуди и помош и за други области кои ќе ги посочат избраните политичари. Едноставно кажано – компензација за државата и пред се – за народот.

Ама нашите политички „витези“ храбро и решително одговараат: „Не ни треба ништо – само да не оставите на власт“. Пак ќе речам „браво“, ако мислите дека е за „браво“?! А народот, стандардот, опстанокот на државата?
Кој ме разбра – ме разбра, кој не ме разбра – не сакал да ме разбере.

Уште од детството запаметив што велеа старите: „Има две правди, Божја и народна. Не знаеш која попрво ќе те стигне.“ Нашата задача е народната правда, правдата од одлуката на народот и правдата за секого од граѓаните.

Пишува: Драгиша Милетиќ

Latest News

„Прашањето ми е следно“: Boнpeдно издание во 21:00 со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски

Вечерва ексклузивно на Фејсбук страницата на Инфомакс во 21:00 часот започнува новата емисија „Прашањето ми е следно“, емисијата ќе...

Дeмaнт од Bлaдaтa дека историските читанки ќе се менуваат по желба на Бугарија

Владата на Република Северна Македонија најостро го демантира написот објавен на вашиот портал со наслов „Заев потврди: Промена на историјата на Македонија во учeбниците...

Во ек на најголемата kpиза: Буџетот за 2021 година се сведува на pacфрлање на пари за нeпpoдуктивни цели

Во Буџетот за 2021 година воопшто не гледам дека има некаде во некоја ставка предвидено пакети за следната година. Многу е битно во делот...

Пандов: Сѐ досега што е испорачано од Бугарија е максимално неприфатливо, ќе ја изгyбимe и државата и народот

-ВМРО-ДПМНЕ е историски европска партија, но имаме црвени линии, се досега што е испорачано од Бугарија е максимално неприфатливо, историските комисии нека си разговараат,...

По Apмијата и пожapникарите едногласни: Никој нема мандат да се пазари со виталните интереси на татковината

По отвореното писмо од припадници на Армијата на Македонија, денеска со отворено писмо и пожарникарите кои едногласно повикуваат дека никој нема мандат да се...

More Articles Like This