МИЛОШОСКИ: Македонија е подобро подготвена за почнување преговори со ЕУ отколку што биле други земји кои веќе се членки

Поврзано

Грците не ни размислуваат да ја отворат границата со Македонија

Во овој момент не постојат препораки за отворање и за дополнителни земји, ако произлезе такво нешто одново ќе го...

Три години не им чини времето: Опacниот oтпaд од Охис ќе бил изнeceн од државата кога ќе дозвoлaт временските ycлови

Винил хлорид мономерот од поранешната фабрика Охис ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе...

Пpoтест за Универзална сала вечерва во 20 часот

Пред платото на Универзална сала вечерва во 20 часот ќе биде одржан собир во знак на револт откако во...
- Advertisement -

Незапочнувањето на преговорите на Република Македонија со Европската Унија нема врска со нашата администрација, со нашето здравство, со нашето правосудство, нашата демократија или со нашите медиуми. Македонија до ден-денес нема почнато преговори со ЕУ само заради тоа што се вика Република Македонија и само заради тоа што Грција става блокада на секоја препорака на Европската Комисија за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Ова на денешната собраниска комисија го истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Според него, се друго што ќе се зборува е само дополнителен фолклор кој може да биде важен и има битно значење за секоја држава, но како што вели, фактите се овие:

– Република Македонија од 2009 година до денес е подобра подготвена за почеток на преговорите за членство во ЕУ отколку Литванија била подготвена кога ги почнала преговорите со ЕУ. Република Македонија денес е подобро подготвена за почеток на преговорите со ЕУ отколку што Полска, Унгарија, Словачка, Бугарија, Романија или Естонија биле подготвени за почеток на преговорите кога ги започнале преговорите со ЕУ. Но тие имале соседи кои имале визија. Германија има долгогодишни спорови со Полска, но изјавите на германскиот, сега покоен премиер, Хелмуд Кол кон Полска и кон Чешка, без разлика на споровите, историски, имотни, со малцински прашања и со многу војни меѓу себе, беа дека Полската и Чешката Република треба што поскоро да станат членки на ЕУ и дека Германија во тоа ќе ги помогне, посочи Милошоски.

Според него, изјавите од официјална Атина отсекогаш биле истите, односно дека тие имаат проблем со уставното име и дека тој проблем ќе го искористат за отпочнување или неотпочнување на преговорите за членство. Милошоски потенцираше и дека сите премиери и претседатели на Македонија се труделе Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, но сите наишле на блокадата од Атина, која важи до денес.

– И кога збориме за заробена држава, јас би кажал поинаку, ние имаме заробена европска перспектива од 27-годишна блокада од една држава членка на ЕУ, потенцира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски посочи дека многу земји се труделе Македонија да ја добие онаа заслужена почетна точка на преговори за членство, но оти сите тие наоѓале на ист одговор, односно на блокадата од Атина.

– И вчера-завчера на средбите со комесарот Хан, тој беше доблесен да каже дека ЕК во следниот период не планира повторно да се срами и да влегува во незгодни ситуации и да дава препораки за почнување на преговорите меѓу Македонија и ЕУ, а потоа истата препорака да не добие консензус и да биде отфрлена од Советот на ЕУ заради ветото од Атина, појасни Милошоски.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

(Фото) Никој од нејзините фанови не остана paмнoдyшeн – Гавазова позиpa во Охрид

Таа е мајка на две деца и една од најзгодните фолкерки на македонската сцена. Сузана Гавазова и за време на...

Како во времето на цpната чyмa се ypивaaт кoнтаминиpaните згради во Британија

Во стаписувачко преземање на власта од страна на британската влада, локалните совети се подготвени да добијат овластување за уривање згради за кои се смета...

Грците не ни размислуваат да ја отворат границата со Македонија

Во овој момент не постојат препораки за отворање и за дополнителни земји, ако произлезе такво нешто одново ќе го разгледаме, рече портпаролот на грчката...

Во живо: Еве како изгледа Бејрут по екcплозиjaта

Делови од либанскиот главен град се срамнети со земја по катастрофалната експлозија на бејрутското пристаниште. Разурнати се десетици згради а до 300 илјади жители...

(Видео) Додека пocкапува струјата, ЕЛЕМ pacпиша тендер за набавка на вода од три милиони денари

Додека струјата поскапува за 7,5%, ЕЛЕМ распишува јавна набавка на газирана и негазирана вода за скоро 3 милиони денари, изјави Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ. Власта...

More Articles Like This