МИЛОШОСКИ: Не може кој како му одговара да си ги толкува законите

  • August 22, 2019
  • Коментари

Според членот 18 став 4 од Законот за јавно oбвинитeлcтво, Советот на Јавни oбвинитeли има надлежност да именува само вршител на должност на Јавниот oбвинитeл на Република Македонија, до изборот на нов, а не да именува вршители на должност на други oбвинитeлcтва, уште помалку да бира в.д на Специјалното јавно oбвинитeлcтво, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

-Законот за Специјалното јавно oбвинитeлcтво е јасен. При престанок на мандатот на специјалниот јавен oбвинитeл, новиот се избира според постапката утврдена во членот 3 од Законот. Законите секогаш се толкуваат според целта и намерата на нивното донесување. Нивното произволно толкување од страна на Јовески и на Заев не може да биде посилно од законската норма. Во спротивно нема да чуди ако Советот на јавни oбвинитeли добие задача од Јовески или Заев да изберат и в.д министер за финансии и в.д државен ревизор, како и в.д директор на МКЦ!?, пишува Милошоски на Фејсбук.

Според членот 18 став 4 од Законот за јавно обвинителство, Советот на Јавни обвинители има надлежност да именува само…

Gepostet von Antonio Miloshoski am Donnerstag, 22. August 2019

Претходно «
Следно »