January 22, 2021, 4:41 pm

Милошоски: Случајот „Рекет“ имаше за цел да се казни гласникот и да направи контрола на штетата

Поврзано

Мицкоски: Европските држави се бopaт што е можно повеќе да вакцинираат, кај нас бopбата е да обезбедиме вакцини

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за дневникот на телевизија Алфа, рече дека на средбата со премиерот на...

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ce сpeтнa со евроамбасадорот Гир, бeшe зaпoзнaeн co лoшoтo влaдeeњe нa влacтa

Денес, имавме средба со неговата екселенција, евроамбасадорот Дејвид Гир со кој што разговаравме за актуелните случувања и предизвици со...

Тeшko нa државава кога амнecтиpaн kpиминaлeц кaкo Заев ќe opгaнизиpa фaлcификyвaн пoпиc

Тешко на државава кога амнестиран криминалец како Заев ќе организира фалсификуван попис. СДСМ повторно не ги послуша граѓаните и без...
- Advertisement -

Антонијо Милишоски, во своето гостување во „Само вистина“ на Канал 5 изјави дека доколку СДСМ повеќе беа фокусирани на вистински реформи, на владеење на право отколку на рекет Македонија ќе имаше поголеми шанси да добие датум и веќе да ги почне преговорите.

Самите информции кои доаѓаа од Скопје и одеа до Париз, Виена Рим, дека тука главна тема на власта е како да се изрекетираат 20 бизнисмени и од нив да се земат два, три, пет или десет милиони евра и прави лоша услуга на имиџот на државата, а тоа е дека имаме влада која што се занимава со рекетарство.

Милошоски ги посочи фотографиите на кои е подредена целата влада на СДСМ со Бојан Јовановски, осуден со затворска казна во предметот Рекет. Тој нагласи дека е невозможно никој во СДСМ да не знаел што прави Бојан Јовановски и дека целта на обвинителството е до изборите да нема никаква истрага или предистрага за Зоран Заев.

За жал, вели Милошоски, случајот Рекет постигна две неполуларни цели, прво, СЈО кое Димитров и Заев го промовираа како обвинителство кое треба да гради држава, испадна дека е иструмент злоупотребен од власта за политичка и стопанска уцена за изнуда на пари. И второ, дека се оди да се постигне она што странците го нарекуваат конторла на штета, да го осуди курирот, гласникот, но да не го осудиме и да не правиме истрага за налогодавачот.

Во случајов Бојан Јовановски и Катица Јанева си имаат своја одговорност, но тие двајца не можеле како поединци, немаат ниту моќ ниту логистика да рекетираат без да имаат државно покровителство.

Замислете Боки да дошол во Канал 5 и на сопственикот да му барал 50 000 евра. Ќе бил исфрлен оттука до Злокуќани. Но ако тој дошол и се заканил со инпектори и ви пушти инспекција и ви се јави братот на премиерот, па премиерот, па ви дојде еден пратеник, па Кики, па Фрики, вие можеби ќе се почуствувате притиснати и ќе дадете пари, вели Милошоски.

Јас мислам дека после 15 јули уште повеќе луѓе ќе се охрабруваат да ги кажат перипетиите, маките и уценувањата низ кои поминале, заврши тој.

Latest News

Фajзер чopба, ќебап д-р Несторовиќ, koвид пилешко, пита со антитела: Ресторан ги промени имињата на традиционалните jaдењa

Фајзер чорба, ќебап доктор Несторовиќ, ковид пилешко,-се само некои од јадењата на менито на еден белградски ресторан, кој пред...

More Articles Like This