МИЛОШОСКИ: Стево Пендаровски лажел дека бил следен од странски служби

  • March 11, 2019

По излагањето на министерот Спасовски за две пријави од страна на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски за незаконско следење, со реплика се јави повторно пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Денеска тука во Собранието расчистивме една работа. А тоа е дека Стево Пендаровски не е следен од странски служби. Дека тоа е претставено како лага за да се направи нешто големо. Значи Стево Пендаровски лажел дека бил следен од странски служби, и со тоа ја манипулира јавноста“, рече Милошоски.

Претходно «
Следно »