Милошоски co пpaтeничкo пpaшaњe дo Заев: Дaли личнo ce имaтe cpeтнaтo co Ceдaт Пeкep?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, му постави пратеничко прашање на премиерот Зоран Заев во врска со средбата со турскиот мафијаш Седат Пекер, по кого Турција и Интерпол трагаат со меѓународна потерница.

-Поради тоа што во јавноста има голем интерес за сигурноста на системот за издавање на биометриски патни исправи и кој од повисоките владини структури можел да биде во тек со издавањето на 214 пасоши на нарко-босови со украден идентитет во случајот „Мафија“, јас до премиерот Заев поставив едноставно пратеничко прашање: „Дали вие лично се имате сретнато со турскиот државјанин Седат Пекер, по кого Турција и Интерпол трагаат со меѓународна потерница?“ И да појаснам, не е од примарен интерес дали евентуалната средба Заев-Пекер била службена, неформална, во приватен дом, во работен ден или за викенд“, напиша Милошоски на Фејсбук.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

(Видео) Пoрaнeшна мисицa тeпaлa жeнa на пaркинг

На социјалните мрежи се шири снимка од тепачка меѓу поранешната мисица на Белгија Тања Декстер и нејзиното момче, со...

More Articles Like This