МИЛОШОСКИ: Kога Заев зборува за вeтинг во правocyдството, тоа е како Ал Капоне да зборува за реформа на даночниот систем

Поврзано

(Фото) Фатени на дело: СДСМ се обидува да ги измaнипулира гласачите за гласачките ливчиња да бидат неважечки

По селата и помалите места низ Македонија СДСМ делат флаери, отпечатени на принтер, наводно препорака од ВМРО-ДПМНЕ до нивните...

(Фото) Кандидатка на опозицијата елиминирана од изборната кампања

Кандидатката за пратеник од ГРОМ во изборната единица 4 на листата на ВМРО-ДПМНЕ Билјана Петрушева е елиминирана од изборната...

Куновска до Забрчанец: Мрш глувче едно, еве што се случува кога на презерватив ќе му дадат да си игра со државотворна партија

Поранешната пратеничка на СДСМ Софија Куновска преку статус на Фејсбук упатува јавна критика до Марјан Забрчанец кој се пофали...
- Advertisement -

Кога премиерот во заминување Заев збори за прочистување/ветинг во правосудството, тоа е како Ал Капоне да збори за реформа на даночниот систем.

– Збогум Заев збори за пренос на судските рочишта во живо, а од очите на јавноста ја сокри легалната снимка за “Поткуп” кога бараше 160.000€ рушвет за легализација и градба на објект. Ајде, нека даде Заев личен пример и нека го пушти рочиштето и целата снимка за “Поткуп”, пишува Антонио Милошоски на Фејсбук

– Збогум Заев збори да немало конфликт на интереси за судиите, а сопругата (Л.Г.) на неговиот вечен директор во Комуналец во Струмица, партиски член и шеф на сите негови партиски изборни кампањи ја смести за член на Судскиот Совет и фактички таа е неформален претседател на РСС.

– Збогум Заев збори за прочистување на обвинителството, а од позиција на моќ нарача обвинителката Бислимовска да го преиначи обвинението за “Поткуп”, исто од позиција на Премиер преку претседателот Џолев нарача замена на судивката Илиевска, со тандемот подобни судии Кацарска и Дарко Тодоровски, за да си добие ослободителна пресуда.

– Збогум Заев збори дека ќе барал редовно пријавување во Антикорупциска на приходите на секој судија и обвинител, а вчера јавно ги бранеше незаконските и непријавени околу 1.000.000€ додатоци што ги добиле 11те обвинителите од СЈО, релативизирајќи дека тоа не се преголеми суми.

– Збогум Заев ја повикува и ЕУ да помогне во реформите во правосудството, а зад грбот на Европа го злоупотребува европското знаменце за да може на шверцерски начин да го измени законот за Академијата за судии и обвинители, за да можат полесно со Рашковски да го напишат списокот на подобните студенти за идни судии и обвинители, како што е синот на еден претседател на Апелационен суд и снаата на една функционерка на СДСМ и блиска на Заев во Собранието.

– Збогум Заев збори да им дадеме шанса на способните и професионалните судии, а за претседател на Скопска Апелација ја намести сопругата на неговиот партиски пиун во ДИК, сега главен на Царина, иако судивката беше избрана со помал број на бодови од другите, спротивно на Законот за судовите (член 46 став 1) каде мора за судија во Апелациониот суд да биде избрано лице кое е оценето со највисока позитивна оценка и во однос на другите пријавени лица има добиено најголем број на бодови.

Премиерот во заминување Заев, досега се покажа како ажурен координатор на судските случаи од висок профил, и токму Заев беше централна фигура за консултации на главните обвинители и судии со него. Но, времето на управување со судството за премиерот во заминување истекува и после 12ти април на Заев веројатно ќе му требаат повеќе добри адвокати и можеби и уште една аболиција.

Latest News

ДИК вечерва нема да соопшти која партија колку мандати освои

Од обработени 93,96 од падатоците коалиицијата на СДСМ освоила 36,13 отсто од гласовите, а за коалцијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ...

Народот избра обнова, влегуваме во трка за составување на нова влада

Победивме во голем број на општини, во Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Пехчево, Велес, Градско, Охрид, Илинден, Петровец… Факт е дека народот ја посакува...

ВМРО-ДПМНЕ 47 пратеника, СДСМ 47, Левица 2 пратеника

47 пратеника ВМРО-ДПМНЕ, 47 пратеника СДСМ – ова се последните пресметки на ВМРО-ДПМНЕ за бројот на пратенички места освоени според гласовите на денешните парламентарни...

(Видео) Во живо: Прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/951003045367651

Ѓорчев: Имаме тесна трка, ВМРО-ДПМНЕ треба да ја составува новата влада

Имаме тесна трка меѓу коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на Телма. -Факт е дека имаше помала излезност...

More Articles Like This