МИЛЧИН „РАСПАЛИ“ ПО АДЕМИ: За три дена склучил 27 тендери во четири очи вредни 7 милиони евра – никој не го брка кримналот на ДУИ!

  • November 23, 2018

Наместо спирала во корист на граѓаните, поранешниот дирекор на Фондацијата Сорос во Македонија и висок функционер на СДСМ, Владимир Милчин истакна дека државата се наоѓа во спирала која не влече надоле, а Македонија тоне на секое поле. Имено неговата реакција доаѓа по скандалот од пред 2 месеци во кој е вмешан  министерот за образование, Арбер Адеми од ДУИ кој за само 3 дена склучил неверојатни 27 тендери во четри очи кои тежат неверојатни 7 милиони евра.

-Кучињата лаат, криминалот на ДУИ поминува. Лицето АА пет пари не дава. Неопходен му е на лицето ЗЗ. И така во круг, односно во спирала во која Македонија тоне, вели Милчин.


Имено се работи за финансискиот скандал со тетовската печатнициа ,,Арбериа Десигн” како и со фирмата Арс Ламина од Скопје, фирми влиски до владеачката ДУИ со кои министерството за образование склучило договори тешки 5.3 милиони евра. Тогаш за скандалот да биде уште поголем, покрај овие два, Адеми склучил договори со уште 25 компании, тешки стотици илјади евра за само три дена.

Милчин потенцира дека никој не го гони криминалот на ДУИ, поради фактот што за Заев коалицијата со партијата е неопходна.

Претходно «
Следно »