December 9, 2021, 11:10 am

Министерот за пpaвда за пoтoпoт на СДCM: Треба да ги посетиме забopaвените и да се извиниme

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, министерот за правда Бојан Маричиќ, како гостин во „Студио 10“ на ТВ24 рече дека владеачката партија ќе наметне поголема контрола над своите градоначалници и дека функционерите ќе мора да бидат подостапни за граѓаните.

Ова министерот го најави по првиот круг од локалните избори во кои неговата партија загуби голем број на гласови во однос на претходните од 2017 и опозициската ВМРО-ДПМНЕ освои голем број клучни општини уште во неделата.

„Ова е порака на гласачите и граѓаните на прогресивната опција, ние таа порака ја свативме многу јасно. За нас е важно да останеме обединети за да се движиме напред. Назад се враќаме само за да ги научиме лекциите. Граѓаните сакаат да одат побргу реформите и функционерите да работат на повеќе нивоа.

Има на кои гласови да сметаме во вториот круг, затоа што ние загубивме, ВМРО-ДПМНЕ не доби. Да ги посетиме заборавените и да се извиниме. Имаме сериозни шанси за победа во повеќето општини од вториот круг. Но некои лични релации на функционерите не биле отворени и достапни доволно.Затоа ќе работиме како да поставиме сериозна контрола над сите градоначалници кои ќе ги добиеме“, рече Маричиќ во студиото.

Тој додаде дека ароганцијата повеќе не е одлика на СДСМ, а тоа се гледа при носењето на одлуките.

„Арогантноста ние одамна сме ја тргнале, таа никогаш не може да послужи во политиката. Граѓаните имаат пристапност до функционерите на централно и локално ниво. Таму каде што не било така, сме работеле тоа да се исправи. Ние сме рекле дека ниту една одлука нема да се носи без да ги слушнеме граѓаните“, рече Маричиќ.

Кога станува збор за Град Скопје, очекува во вториот круг поддршка од сите „зелени“ за Петре Шилегов.

„Оние од независните листи кои се прогресивни, за зелени површини, природно припаѓаат со нашиот градоначалник и кандидат“, реќе министерот.

Latest News

Големо апceње во Србија: Уaпceни сопругата и сверквата на Беливук

По наредба на Обвинителството за организиран криминал во соработка со СБПОК приведени се четири жени Б.Б., Т.М. С.Ѓ и...

More Articles Like This