December 8, 2021, 11:45 pm

МИНИСТЕРОТ СУГАРЕСКИ ВМЕШАН ВО РЕКЕТАРСКА ШЕМА ВО ПРИЛЕП: Запаленото кафуле во Прилеп по нарачка на Сугарески?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во голем пожар рано утрово до темел изгоре кафуле во строгиот центар на Прилеп, а причинета е и штета на околните објекти.

Според Станко Колески, командир на прилепската противпожарна единица, повикот за огнената стихија го примиле во 3:33 часот и веднаш интервенирале. Станувало збор за голема, опасна стихија во строгиот центар на градот која можело да се прошири на повеќе соседни објекти.

Штетите се огромни и првично се проценуваат на преку 200.000 евра.

Сопственик на кафулето е лице добро познато на прилепската јавност, инаку симпатизер на СДС и активен учесник во т.н. шарена револуција.

Според прилепската чаршија, пожарот бил подметнат, а пироманот е истото лице кое пред две години во рамки на т.н. шарена револуција ја искрши општинската зграда. Истото лице, пред да го подметне пожарот во кафулето бил забележан во една од познатите прилепски пицерии во друштво на член на обезбедувањеото на СДС – извесен Дадо, со кој заедно претепале човек. Пицеријата во која се случил инцидентот исто така е во сопственост на лице, симпатизер на СДС.

Интригите не завршуваат тука, сопственикот на запаленото кафуле претходно неколкупати бил претепан и често малтретиран бидејќи претставувал конкуренција на кафулето „Табу“ сопственост на министерот Сугарески, кој пак од неодамна започнал на диво да гради тврда градба како летна тераса на кафулето и тоа во старата чаршија која е заштитено подрачје.

Прилепчани се згрозени од ваквите постапки на актуелната власт и велат дека со ваквите потези на подземјето контролирано од СДС, криминалот и превласта во угостителството, Прилеп се враќа во мрачните денови кога овој град беше центар на криминалот во Македонија.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Британија започнува со план Б поради ширењето на сојот омикрон

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска објави дека го започнува таканаречениот план Б за Англија, кој, меѓу другото, вклучува упатства...

More Articles Like This