August 12, 2020, 7:27 pm

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА СЕ ВПЛЕТКА ВО СОПСТВЕНИТЕ ЛАГИ: Зошто УБК вршела проверки на лицето Горан Василевски поставен како шеф на военото разузнавање?

Поврзано

Касами нема да оди на лидерската кај Ахмети

Лидерот на движењето Беса, Билал Касами нема да присуствува на утрешната средба иницирана од претседателот на ДУИ Али Ахмети,...

Заев и Гаши имале приватна ручек средба, не се разговарало за формирање влада

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши денеска во хотелот Белви имале приватна ручек средба и...

И ГП „Бетoн Штип“ оди во стечај: Зaпира изградбата на Офицерскиот дом, ФИНКИ и на kлиничката болницa во Штип

Поради основен долг само кон три компании-побарувачи од Македонија, ГП „Бетон“ АД Штип, кое во изминатиов период беше предмет...
- Advertisement -

Зошто УБК вршела проверки на воено лице кога тоа се коси со Законот за класифицирани информации и дали станува збор да се изигра законот како би се покрило спорно поставување на овластено лице во тајните служби, се прашањата кои се обиде да ги наметне емисијата „Несомнено“ во врска со назначувањето на полковникот Горан Василевски како прв човек на военото разузнавање.

Во членот 50 од Законот за класифицирани информации е точно наведено кој ги врши овие проверки. Таму пишува дека МВР ги врши безбедносните проверки а таму се исклучени службите на Министерството за одбрана. Овие проверки ги врши исклучиво Воената служба за безбедност и разузнавање а како потврда ова го пишува и на официјалната страница на дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Раководителот на военото разузнавање потпишува барање со кое на дирекцијата бара да се издаде сертификат, а во овој случај полковникот Василевски си има потпишано барање за кое на самиот себе од дирекцијата за класифицирани информации бара да му се издаде безбедносен сертификат, вели „Несомнено“.

Процедурата налага Василевски да поднесе барање до Военото разузнавање во кое треба да се направат сите проверки па со ново барање до Дирекцијата за класифицирани информации каде ќе му биде одобрен тој безбедносен сертификат. Оттука нејасно е како министерката за одбрана иако спротивно на сите процедури го назначува Василевски на таа позиција иако тој нема поминато безбедносна проверка од военото разузнавање.

УБК во ниту еден случај не може да врши безбедноста проверка на воени лица зошто таа е исклучителна надлежна само за цивилните лица, па дури и да го направила тоа не е јасно според кој закон и кој против УБК ги направила овие проверки.

Ваквите информации до кои дојде „Несомнено“ се јасен доказ дека процедурата за назначување на Василевски е грубо прекршена. Одговорност треба да преземе и министерката Шекеринска поради ваквото назначување надвор од сите законски норми и правила.

Latest News

Додека Заев лaжно се откажува од патни трошоци, во Кисела Вода СДСМ троши 350 илјади евра за партиски вработувања

ВМРО-ДПМНЕ објавува факти, кои според нив, го одбележаа денот: На повидок нов октопод и втор ТАТ, пропадна Еуростандард банка. Милиони евра...

Анализа на Народна банка: Храната поскапела во јули, инфлaцијата ќе оди нагоре

Храната поскапела во јули, инфлацијата ќе оди нагоре, покажуваат податоците на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на кој биле разгледани движењата...

Касами нема да оди на лидерската кај Ахмети

Лидерот на движењето Беса, Билал Касами нема да присуствува на утрешната средба иницирана од претседателот на ДУИ Али Ахмети, по повод годиншнината од потпишување...

Заев и Гаши имале приватна ручек средба, не се разговарало за формирање влада

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши денеска во хотелот Белви имале приватна ручек средба и на неа не се разговарало...

Верувале или не, возилата во Лисиче се caмозапалиле…

Во врска настанот од 09.08.2020, кога околу 09.10 часот во СВР Скопје беше пријaвено дека на паркинг простор на бул. „Асном“ во нас.Ново Лисиче...

More Articles Like This