МИНИСТЕР ВО ВЛАДАТА НА ЗАЕВ ДОБИВАЛ ЗAКAНИ ПО ЖИВОТ: „Каде сте ти и брат ти Аднан, доаѓам со пиштoл ќе ве упукам сите!“

  • December 4, 2018

Министерот без ресор, Аднан Ќахил, ја започна својата приказна во интервју за ТВ21 со тоа дека денеска беше исклучен од неговата партија што ја формирал Движење на Турците во Македонија, иако бил нејзин почесен претседател. Вели дека причината за ова е поинаква, од онаа што ја пласира неговата партија – дека министерот Ќахил е под истрага за злоупотреба на должноста.

Ќахил раскажува дека во август пријавил три лица во полиција, а доставил и докази – дека тој и членови на неговото семејство се под закани по живот и уцени од неколку луѓе. Но и покрај неговата пријава, Ќахил вели дека осомничените кои ги обвинил за оваа дело, се пуштени на слобода од органите на редот.

-Имаше закани на мои братучеди на телефон. Кај брат ми исто така. каде сте ти и брат ти Аднан, доаѓам со пиштол ќе ве упукам сите, вели Ќахил.

Министерот Аднан Ќахил, овие обвинувања ги поврза со политички реваншизам од неговите сопартијци, велејќи дека нивниот обид, за преку Фејсбук да го отстранат од министерското столче, ќе биде залуден. Инаку, синоќа, директорот на Финансиската полиција, Арафат Мухамери, во гостување во ТВ21, рече дека еден министер е под истрага, но Ќахил вели дека тој е „погрешната адреса“, со оглед на тоа што никогаш не го прашале за можно сомневање околу работата што ја врши како министер.

Партијата која ја основаше Ќахил бара министерот од кабинетот на Заев да се разреши од функција, но Ќахил со став дека за вакво нешто не одлучува неговата партија, која го исклучи од членството.

Претходно «
Следно »