МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Имаме ли еким за Заев или да ја бараме баба Рада?

  • December 2, 2016

mirka_kolumna-300x300Имам едно прашање до експертите по право, професорите од факултетот „Јустинијан Први“, уставните судии, законодавниот дом и разно-разни самотитулирани експерти, а пред сите нив, шефот на државата Ѓорге Иванов и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски: на кој начин ќе го тампонираат Зоран Заев по сеидбата на нов отровен политички хибрид? Има ли во Уставот или во законите на Македонија правен лек за овој сурат и неговите истакнати помагачи? Да бидам подиректна, може ли да му се суди за загрозување на државата, за подривање на поредокот, за безбедноста и територијалниот интегритет, за доведување во опасност на населението подгревајќи граѓанска војна и соседски НАТО-окупации? Може ли на ваква лејка да ~ се одземе статусот државјанин на РМ и сите граѓански права? Или постизборно, пак, ќе си играме пржински стенд ап театар? Ги молам адресантите да не паламудат „политички коректно“ и неразбирливо стручњачки оти ова не е тема за салонска расправа со грицки и вино, туку е витална за целокупниот македонски народ кого веќе два и кусур векови секакви надворешни и домицилни битанги го сметаат за нивни коцкарски жетон. Значи сега, до 11 декември, сакаме да чуеме каква ефикасна терапија за оваа болест ќе примени победникот кој очекува 63 пратенички мандати? И уште повеќе кои гаранции ни ги дава дека овој пат нема да прави гнили компромиси под притисок од западното странство? Ни докурчи веќе од транзициски зајковци, дропји, тумруци, лејки, медиумски модри туфни и тути-фрути професионални револуционери. Ова е нашата ЦРВЕНА ЛИНИЈА. Па вие сега видете!

Предизборно Заев веќе го инфицира балканскиот простор ставајќи ја Република Македонија како свој коцкарски влог. Штрапаниот ѓоа водач на македонска политичка партија, а всушност странски наемник и домашен криминалец, неонацист од „лево“ го истапка теренот за нов Букурешт кој треба да ја докусури Македонија. Претпоставувам гледате како фино и кротко си молчат неговите амбасадорски негувателки од САД и ЕУ. Го слушате гласниот молк на официјална и неофицијална политичка Бугарија? Му се стури со денови на Миленко за еден протестен гест, ама за Заев си трае. Оти за делба на плен се работи, плус муртинскава аспида, како божикна распродажба во СЈО манир, го обвини македонскиот народ за дестабилизација на балканските соседи и му пресуди по кратка постапка за физичко постоење. Оти е грд за гледање. Им ги навредува чувствата за естетика особено на официјална и медиумска Грција и наапаното громогласно кокодалање на големоалбанското петле стрвинарче.

Неговите предизборни идиотштини за кантонизирање на Македонија, за двојазичност и федерализација, па за суверени села и независни градови – епархии во содејство со учката Али Ахмети кој менува внатрешни граници и поставува свои симболи, веќе стануваат „нон пејпр“ за нова пиздарија, а уште не сме ни одржале избори.

Погледнете му ги само „идеите“, веднаш ќе видите дека ова неизделкано, а канцерогено муртинско копито колку и да е глупо и необразовано, сепак знае дека сее опасно семе од кое гарант се распаѓаат држави и страдаат нации. Иако сум убедена дека тој инстинктивно е свесен оти игра руски рулет што се забележува од неговиот избезумен поглед без фокус, јас немам трошка сочувство или христијанска милост за неговата физичка иднина. Што дробел има да срка. Што сеел ќе жнее. По државен и национален протокол. Злосторници и крволоци не жалам. Зашто си мисли дека ако гине тој, треба да загине и цела Македонија. И сакам овде уште еднаш да утврдиме историско градиво за да не остане нешто неразјаснето или недообјаснето оти е дел од дијагнозата за Заев „политичарот“ или премиерот во неговата „црпната Македонија“ во која ќе живееле слободно црпнатите му поданици.

Зоран Заев почна со двојазичност и федерализација како с` уште нереализиран рамковен пакет. Досадно е да потсетувам, но интервенциите во Уставот (затоа се вика наметнат, односно октроиран устав) во 2001 година го отворија патот за реална територијална поделба по етнички линии, па донесоа неуставни и незаконски привилегии на албанското малцинство кои станаа дури сегрегациско–расистичка и супрематска пракса. Но, по ,Пржино и во нови светски околности, греблово пробува да ја постави на преговарачка маса кантонизацијата на Македонија по швајцарски модел. Што му текна? Па, ако почне да се реализира со подземен поттик на САД и ЕУ монструмите, кои за нашите политичари се пријатели и партнери добронамерници дури и во овие опасни игри, ете ја Македонија во друштвото на неодржливи држави. Kако во Африка. Најновата Шавајцарија на Балканот е БиХ. И како што се уверуваме секој ден, од Дејтон до денес, таа не успеа да застане на нозе самостојно. Чедово на Kлинтон и Блер го управуваат од надвор, иако од внатре е мртвороденче. Заев не знае, но нормалните луѓе добро знаат дека Швајцарија е успешен модел оти нејзиниот државен систем е дел на политички договор на населението што живее таму и кое сите три околни држави не го оспорувале идентитетно. Моделот е создаден дури по стогодишно меѓусебно војување, значи и граѓански конфликти и војни на матичните држави. Оваа Босна и Херцеговина е хибрид, а кантонизацијата е октроирана брљотина увезена од странство и тоа по испровоцирана граѓанска војна поттикнувана од евроатланската полит-милитаристичка мафија. Македонија би била уште поголема катастрофа. Патем, кантонизирање на Македонија по урнекот „Швајцарија на Балканите“ значи да се признае дека Македонија е географски простор на кој живеат делови од народи на околните држави, случајно оние што под водство на „големите европски сили“ беа и нивни миленичиња. Во такво уредување нема веќе Македонци. Е кога ги нема нив, нема никаква смисла да постои држава Македонија. Таа „Швајцарија“ ако стане провизорна банана држава, ќе си добие и нов нунко и ново име. Kантоните ќе си бидат најмалку три или четири. Што е поинаку од првиот Букурешт кога Албанците не беа играчи и ако во проектот се вклучи и Србија, оти за „нејзиното“ букурешко парче од Македонија е покеров.

Затоа мене ми е смешен црпко, кој го заговара ова меѓу албанската дијаспора во Швајцарија, а го сере и овде во предизборие, спакувано како пазарно ориентиран проект „наша Македонија“. Стварно бе, „Нашамакедонија“, ли ќе му се вика новава Швајцарија или кантоните со белгискиот корисен идиот Ван Хојте ќе смислат некое покреативно име. ИСИЛ е пред рокање. Чадорот над него веќе почна да се затвора, па ајде да го видиме и нашево чудо од муртински „христијански“ калифат. Е сега посебно е интересно како мали Црпко ги замислува кантоните. Kолку што проникнав во неговата „елаборација“ пред митингашката публика, тој час ги мисли за региони, а една реченица подолу, ги опишува како фортифицирани независни села што немаат никаква врска со централната власт и самите си водат независна селска државна политика. Нема што нема во лудата му глава. Ги проектирал овде и вевчанската независна република, чиј босански еквивалент би бил дистриктот Брчко и американскиот дистрикт Вашингтон, но како верно духовно чедо на владиката Наум гледам му се мота во главата дека во неговата варијанта на швајцаризација може да се препише епархиското уредување на МПЦ, што подразбира ем самостоен регион ем збир на села и градови сосе општински атари епархиска независна власт од централната. А како успешно функционира ова моделче, на пилот-проект ќе видите преку возбудливите црковно-интересовни настани во Австралија со кои со години се бори упорниот дедо Петар, а во име на обединета и обезвластена МПЦ која ја дупчат „независните“ духовни властелини.

Сакам да сме длабоко свесни дека тоа што еден или неколку будали може да закашкаат, потоа илјадници нормални не ќе може да го оправат без последици и жртви. Денот на изборите е само првиот чекор да се извлечеме од лудилово во СДСМ кое дојде како подарок од Волшебникот од Оз и од Чадорот. За ДУИ и повремено ДПА немам што дополнително да кажам освен дека нивната улога на „фактор“ во Македонија, односно, на нагазна мина втисната во државните институции, е во надолна линија. Со промената на американската надворешна политика и преуредување на приоритетите, а по одржување на пописот, ќе бидат принудени да си ја менуваат партиската политика.

Значи затоа ме интересира дали во Македонија може да се стави надвор од закон или да се забрани дејствувањето на субверзивно–терористичка организација како СДСМ која најотворено заговара уништување на Република Македонија преку граѓанска војна и преку воени агресии од сите соседи?

Претходно «
Следно »