August 15, 2020, 12:26 am

Мисајловски: Се обврзувам дека ќе го дадам својот максимум за обнова на Куманово

Поврзано

Николоски: Нема фирма која не е изpeкетирана, првпат видовме политичар како зема кеш

Кампањата е веќе започната, во четвртата изборна единица каде што сум носител на листата на ВМРО ДПМНЕ ние сме...

МИЦКОСКИ: Заев е подготвен буквално на сѐ, само за да остане на власт

Во интервју за Курир, кое интегрално ќе се емитува утре, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потенцира дека, за жал,...

ДУРЛОВСКИ: Дoлжност и чeст е да и се служи на татковината, на секој начин, па и преку политиката

Игор Дурловски во интервју за Фактор проговори за размислата да биде носител на листа на идните парламентарни избори. Тој...
- Advertisement -

Тоа го заслужува градот кој е најголем во Македонија, а сепак се дави во урбан хаос. Се дави во неспособност и на централно, но и на локално ниво. Затоа сакаме да ги охрабриме сите граѓани во Куманово дека доаѓа обновата. Таа носи обновување на достоинството, културата, туризмот, науката, инфраструктурата и здравството, вели носителот на листата на коалицијата „Обнова на Македонија“, Владо Мисајловски за kumanovonews.mk

Владо Мисајловски е семеен човек, сопруг, татко на две деца.

Тоа е за мене најважната работа во животот, тоа е она што мене ме детерминира, вели тој.

Но, јас исто така, сум политички активен од моите најрани години бидејќи силно верувам дека ако сакаме да го направиме општеството подобро, ако сакаме да ги постигнеме стандардите во општеството за кои копнееме, тогаш треба да застанеме и да се бориме за нашите верувања. Бидејќи силно верувам во семејните вредности, затоа сум во ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што таа е партијата која најдобро ги претставува моите вредности. Низ своето созревање, поминав низ сите партиски тела и бев и на различни партиски функции од потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ до еве сега потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Имам дадено свој придонес и во менаџирањето на државните институции како државен секретар во Министерството за надворешни работи и министер во Министерството за транспорт и врски, но на која и функција да сум бил секогаш и на секоја сум бил максимално посветен со целиот мој капацитет. Така планирам да продолжам и во иднина, затоа што цврсто верувам дека, покрај семејните вредности, работната етика и целосната посветеност се принципите што ќе го спасат ова општество и ќе ја зачуваат оваа држава! Затоа велам, мора да почнеме со обнова на овие вредности во целото општество за да ја обновиме Македонија, по 15-ти јули Обновата доаѓа… Ќе си ја зачуваме и ќе си ја обновиме Македонија, додава Мисајловски.

Мисалјовски нагласи дека е презадоволен од кандидатите за пратеници на листата на ВМРО- ДПМНЕ, кои се чесни и вредни луѓе, ама се и луѓе кои добро ги познаваат во средините од кои доаѓаат, поради што, како што вели тој, и нему работата му е многу поедноставна, бидејќи воопшто не се губи време на претставување на кандидатите туку директно се зборува за проектите за обнова на Македонија.

Овие луѓе зад мене на листата, како и кандидатот за премиер на Владата на Република Македонија Христијан Мицковски, се само гарант дека ќе се исполнат тие проекти. Тие проекти се обновата на Македонија, подвлекува МИсајловски.

Тој во кратки црти го објасни концептот на програмата кој е базиран на потребата да се обнови Македонија на секое поле по девастирачкото владеење на СДСМ изминативе три и повеќе години.

Ни беше погазено достоинството, ни беа уништени економијата, културата, образованието, беа нанесени неправди и беше злоупотребена правдата, и така натаму, и така натаму… Со еден збор – ни беше свиткана кичмата, вели Мисајловски.

Тој ги охрабри сите да ја прочитаат програмата за Обнова на Македонија, а потоа по 15-ти јули заедно да си ја обновиме земјата

Во однос на Куманово, Мисајловски појасни дека се предвидени низа мерки кои ќе бидат директно на бенефит на граѓаните, како што е завршување на изградба на пругата Куманово – Бељаковце, изградба на 400/110 kv трансформаторска станица Куманово, изградба на конгенеративни постројки на гас за производство на топлинска и електрична енергија, обнова на објектите на националните установи од културата и уште многу многу други проекти директно поврзани со Куманово и со изборната единица број 2, ама најмногу од сè, ќе биде обновено достоинството и сигурноста во подобро утре.

За крај Мисајловски додаде дека очекува убедлива победа во Втората изборна единица, како и во остатокот од Македонија, со што ќе се обезбеди стабилно мнозинство во парламентот, а потоа обнова на Македонија на секое поле

Во овој момент најбитно е да добиеме доверба од граѓаните за да ја обновиме Македонија. Земете погледнете ја нашата програма, има преку 1000 проекти, со кои ќе го обновиме достоинството, ќе ја обновиме економијата, ќе ја вратиме правдата, ќе го обновиме земјоделството, ќе ја обновиме Македонија. Она што е битно е дека сиве овие проекти ќе се реализираат во дадените рокови и тоа е она што ја гарантира обновата на Македонија. Небитно е кој ќе ги спроведе овие проекти, битно е дека истите ќе бидат спроведени, и со тоа на земјата да ѝ го вратиме и да ѝ го обновиме достоинството. Ние имаме кандидат за премиер, тоа е господинот Христијан Мицковски и тој ќе го формира тимот со кој ќе ја реализира програмата за Обнова на Македонија, ама како што кажав, за обновата на Македонија не е битно кој ќе ги спроведува проектите туку истите да бидат спроведени, подвлече тој

Latest News

Северина 3apa3ена со kopoнавиpус: „Денеска добив позитивен pe3ултат“

Северина преку социјалните мрежи објави дека е позитивна на коровирусот. Во објавата, таа напиша дека нема никакви симптоми и...

Ќе има свадба-Ване Цветанов ја запроси Дунавка Трифуновска во Турција

Во сивилото предизвикано од здравствената криза единствена светла точка беше љубовта која минатиот месец од одмор во Турција ја обелоденија манекенката Дунавка Трифуновска и...

Ако Британец се пpeceли во Македонија, секоја година ќе му остануваат 24 илјади евра

Според статијата на uk.finance.yahoo.com, нашата држава е најдобра опција за селење, кога се во прашање цените и трошоците за живот. Според истражувањетол, Северна Македонија е...

Меси го допpe дното: 19 3aгубени топки, трет дeбakл по ред и можна pa3делба

Лионел Меси како да се помири со немоќта на Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите и целосно се вклопи во сивилото на петкратниот...

За 2 месеца ослабела 21 кг во 61-та година од животот: Ова е „тајната состојка“ на диетата на пејачката

Популарната пејачка на народна музика Снежана Ѓуришиќ (61), која последниве години е дел од жири-комисијата на музичкиот натпревар „Гранд-ѕвезди“, успеа да ослаби дури 21...

More Articles Like This