December 4, 2021, 6:28 pm

Митовски: Бочварски наместо оставка, со цел памет излезе пред медиуми да објаснува дека автобусот немал лиценца за меѓународен транспорт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, на социјалните мрежи коментираше за отсуството на морален компас кај министерот за транспорт и врски, кој, по вчерашната трагедија, наместо да си поднесе неотповиклова оставка, објаснуваше како неговиот пропуст директно придонесе за смртта на 45 наши сограѓани

„Ако нашата Влада беше составена од луѓе со било каков морален компас, тогаш оној министерот за транспорт и врски уште веднаш вчера требаше да си поднесе оставка.
Наместо тоа, Бочварски со цел памет излезе пред медиуми да објаснува дека автобусот немал лиценца за меѓународен транспорт.
Замислете, надлежниот министер, чиј пропуст директно придонел за оваа несреќа се прави недоветен, и мува не го лази.
И уште нешто, Филипче да ми каже, која е разликата бе друже помеѓу овие луѓе и оние кои во ист број секојдневно ги губат животите?
Не ти е срам да излегуваш пак на ТВ, и пак да користиш трагедија за ПР? Што мајка бараш па ти да се јавуваш? Кога бе друже ти ќе понесеш одговорност за секојдневното губење на по еден автобус луѓе, а?
П.С. Реков нема да коментирам политика во овие денови, ама неиздржливо е ова лудило.“, пишува Митовски.

Latest News

29 годишен гостиварец заврши зад pешетки откако си го пpeтепал таткото

На 03.12.2021 во 20.00 часот во Гостивар од полициски службеници од ОВР Гостивар бил лишен од слобода М.Ц.(29) од...

More Articles Like This