Митовски за разговорот со Каракачанов: Човекот ми кажа овие вашите само на pekeт мислат

Поврзано

- Advertisement -

Александар Митовски, уредникот на Инфомакс во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, го коментираше разговорот со вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, кој одговори на прашањето на Инфомакс за шпекулациите дека бугарски агенти се обиделе да му помогнат на Јордан Камчев да избега од Македонија.

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана во разговорот со Инфомакс го обвини директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Викторио Димовски за „лажење“ и „тропање глупости“, нарекувајќи го „бандит“.

„Тие информации дека бугарски агенти му помагале на Јордан Камчев да организира бегство од Македонија се целосна глупост. Лага на Викторио Димовски и неговата банда“, тврди Каракачанов, објаснувајќи дека за тоа не постојат никакви докази.

„Со такви измислени работи власта во земји како вашата имаат една цел – да ги избркаат успешните луѓе од државата – како со Никола Груевски – а на бизнисмените да им ги земат парите со рекет. Јасно е тоа. Тоа се случува и кај вас“ – додава Каракачанов, посочувајќи ја владата на Зоран Заев.

Македонија, вели Каракачанов е држава заробена од банди како онаа на Викторио Димовски, луѓе со сомнителен „произход“ кои работат за странски служби.

„Викторио Димовски, шефот на Агенцијата за национална безбедност, тоа е таа агенција којашто произволно си пишува белешки за притварање луѓе, за следење на луѓе, за прислушкување на луѓе. Тоа е тој човек којшто денеска доби една остра порака од бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов дека е будала, го цитирам, дека е будала и тој и неговата банда не знаат ниту што прават, ниту што зборуваат ниту како работат“, појасни Митовски.

Митовски додаде дека досега не стигнал демант од Агенцијата за национална безбедност, ниту од Институцијата, ниту лично од Димовски.

Latest News

Отворена нова истpaга пpoтив Гугл поради онлајн рекламирање

Антимонополските власти на ЕУ ќе отворат уште еден фронт против „Гугл“, дел од „Алфабет“, со започнување на официјална истрага...

More Articles Like This