December 9, 2021, 8:49 am

Митовски најави kpивични пријaви за полициските службеници кои нарачуваа тopтура на екипата на Инфомакс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Митовски од Инфомакс, во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, откри детали за малтретирањето на екипата на Инфомакс од страна на полициските службеници за време на изборниот молк во првиот круг од локалните избори. Hеколку полициски службеници се координирале преку вибер група, а биле ветени и награди доколку успешно се спречат новинарите да известуваат за прекршувањето на изборниот молк и изборен криминал како поткуп, агитирање пред избирачки места и случни неправилности.

Во пораките јасно се гледаат упатства за сопирање и задржување на екипата на Инфомакс, за што на полицајците им е ветена и награда.

„Пораките се испратени во онаа група ХХХ, во којашто полицаји од полициската станица Прилеп, Андреј Лашкоски и Коста Талески. Тоа се пораки кои полицајците си ги испраќале меѓу себе, се координирале како да ја запрат екипата на Инфомакс која беше на терен да известува за изборниот процес“, појаснува Митовски.

„Овие полицајци коишто на овој датум 20тина минути пред да бидат приведени новинарите, овие полицајци пишуваат ‘Отидоа кон ридот, соберете ги’. 20 миути подоцна, екипата на Инфомакс е приведена по наредба на инспектор за наркотици, дена рака на Кире Чипсио, познатиот командир на ПС Прилеп којшто беше фатен со 200кг марихуана во акција на ДЕА. Таа ги држи во полициска станица и вика крим техника да вештачат дали нашата екипа делела пропаганден пропаганден материјал. Крим техника, доаѓа се држи за глава, бил пред пензија и затоа веројатно не се потресол многу. Само кога ја видел ситуацијата на што личи, се фатил за глава затоа што го викнал за глупости. Ги пуштија. После два часа повторно ги повикаа на информатиевн разговор, за после два чаа да ги нападнат пред штабот на СДСМ. Кога отишле да пријават дека се нападнати, наместо наместо нивната пријава, биле повикани в друга канцеларија во ПС Прилеп, за ад обават службен разговор со нив по пријава против новинарската екипа. Пријава за неовластено снимање, а се подразбира дека штаб на политичка партија е јавен објект и смее да се снима. Во меѓувреме, додека отидоа новинарите да извадат лекарско уверение во ургентен во Прилеп, уште една приајва имаше против нив, дека тие ги нападнале луѓето во штабот. Мислејќи дека камерата која беше скршена од нив ја нема снимката, и тие пријавиле. Среќа снимката не беше избришана, и можевте да видите сите вие како изгледаше нападот врз нвинарите. Еден од тие на снимката е инспектор којшто вршеше службен разговор со новинарите. Инспекторот, кој ги водеше сите три информативни разговори со нашите новинари беше затекнат во штабот на СДСМ“, открива Митовски.

Митовски најави кривични пријави за полициските службеници кои учествуваа во тортурата на новинарите на Инфомакс.

„Кривични пријави ќе им пуштиме затоа што договарале извршување кривично дело. Ќе тужиме, апсолутно, јас најавив како глаен и одговорен уредник јас сум должен мојата екипа да ја заштитам и да го барам нивното право. Кривична пријава ќе следи за сите вие полицајци што нарачувале, бидејќи кога во една група се случува кривично дело во стек, се вика злосторничко здружување и таа е кривично дело. Ќе ги пријавиме, ќе им пуштиме тужби на сите овие што се наведени. Веќе се пријавено до сите амбасади, доставени се материјали до меѓународните новинарски здруженија е доставена документација за тоа што се случувало и како била нарачувана таа тортура и ќе одиме до крај“, вели тој, додавајќи дека со ова, наместо да ја заплашат екипата на Инфомакс, дополнително ја мотивираа да работат.

Latest News

(Видео) Драма во турскиот Парламент: Расправата за буџетот заврши со тепачка меѓу пратениците

За време на синоќешната расправа за буџетот на Министерството за внатрешни работи на Турција, дојде до тепачка меѓу пратениците на...

More Articles Like This