Никој од Македонија нема да се најде на црната листа на Бајден

Поврзано

- Advertisement -

Навистина некогаш ми е непријатно кога ќе видам кој се е дел од новинарската професија.

Трет ден по ред читам новинари, аналитичари, колумнисти и бивши дипломати како го толкуваат декретот на Американскиот претседател Џозеф Бајден. Само не можам да донесам заклучок, дали кога коментираат и онанираат?
Срамно е со декрет на Американски претседател да се манипулира јавноста, остварувајќи политички нарачки предвидени да забавуваат народ за дневна политика.

Реалноста на декретот се однесува на справувањето со криминалот и корупцијата. Тука опозицијата нема уддел, бидејќи како опозиција не може да биде поддложна на митоманство. Проблем има власта, а знаеме како стојат на светските ранг листи кои третираат вакви теми. Едноставно во последниве три години сме шампиони по корупција.
Значи, во овој дел да заклучам. Овој декрет е поголем проблем за власта, отколку за опозицијата.
Што се однесува на делот од декретот во кој се третираат договорите, повторно, гореспоменатите креатори на јавно мислење треба да знаат дека противници на овие договори можат да бидат државни елементи, или што би се рекло, институционално попречување на договорите. Тука, повторно опозицијата нема уддел – не е дел од институциите.
Но, нема проблем ниту власта. Делот од декретот кој ги третира договорите се однесува на оние кои не ги почитуваат истите, но во регионална смисла. Така, овој декрет е сериозен проблем за Грција, Бугарија и Албанија/Косово. Македонската власт не само што не ги попречува или работи спротивно на истите, туку и ги промовира. Македонија даде и повеќе од она што се бараше, за разлика од нашите соседи кои немаат исполнето ниту една точка од договорите.
Повторно, декретот не се однесува на опозицијата во Македонија, како што сака да каже Малевски и слични на него во обид да манипулираат со јавноста, туку се однесуваат на државните актери кои имаат реална/институционална моќ да ги прекршат договорите.
Затоа, некогаш се срамам што сум дел од новинарската професија, особено кога треба да кажам дека дел од овие луѓе ми се колеги.

Колумна на Александар Митовски

1 коментар

Latest News

(Видео) Џамбаски со ново фaшиcтичko видео – Ја освои и Македонија

Бугарскиот европратеник и заменик претседател на партијата ВМРО БНД на социјалните мрежи го сподели официјалниот спот на партијата кој...

More Articles Like This