December 5, 2021, 8:48 am

(Видео) Митовски: Со оваа власт не би ме чудело да го прогласат за виновник за тpaгедијата во Тетово хаус-мајсторот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Митовски, главен и одговорен уредник во Инфомакс, во денешното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, зборувајќи за пожарот во тетовската болница во кој загинаа 14 лица, истакнаа дека, ако се има предвид како функционира оваа влада, воопшто не е чудно да го прогласат за виновник хаус мајсторот. Митовски ја искоментира и екпресната осуда на лицата кои протестираа и бараа одговорност за пожарот, а кои добија условна казна затвор од една година, додавајќи дека тоа е метод со кој власта се пресметува со неистомислениците и го задушува секој оној што ќе го крене гласот.

„Ако во Македонија се почитува правото на слобода на изразување, тогаш тоа правило би требало да биде еднакво за сите, така би требало да биде и за оние коишто протестираат во тетово. Во Македонија оигледно не се почитува тоа право, како што стои во низа на извештаи на Европска Унија, на Транспаренси интернешонал, ОБСЕ и слично..Не ме чуди тоа што се луѓето осудени, затоа што го искажаа својтот револт од неспосбноста на властите во Македнија, посебно од министерот за здравство, Венко Филипче. На крајот, нема да ме чуди и хаусмајсторот во тетовската болница да биде осуден, да биде виновникот затоа што се случи во Тетово. Нема да ме чуди затоа што начинот на постапување на оваа власт до сега е ќе ги казниме сите се додека не остане никој да збори. Небулозно е да се зборува дека каменот е виновен за она што се случи во тетовската болница, дури и барање виновник е малку неблагодарно. таму одговорност мора да понесат без разлика дали ќе се најде вина или не, мора да понесат одговорност одговорните за изградбата на таа модуларна болница, оние коишто биле должни, со закон, да ја проверат проектната документација пред да ја имплементираат, пред да ја прифатат, пред да ја тендерираат. Не може вие да имате модуларна болница, киоск, во која што нема електрична инсталација по пропис, во која што нема огноотпорни материјали, во којашто немате предвидено план за евакуација. Не смее тоа да биде дел од јавна здрвствена установа. Кабелот ако се сеќавате, во извештајот, кабелот бил пуштен, од довод од тетовската болница, од постојната тетовска болница. На еден каебл бил пуштен довод за целата модуларна болница. Таму немало ниту осигурачи, ниту разводна табла, немало ништо. Не може да нема одговорност кај оние коишто решиле да ја градат модуарната болница на начин на којшто ја изградиле. Тука не гледам некое рационално објаснување за луѓето коишто се осудени затоа што протестирале. Единствено што можам да кажам, е само нека им служи на чест на оние коишто четири пет години во редослед се обидуваат да го задушат секој оној којшто ќе се обиде да биде гласен и да го каже своето мислење и да го искаже својот револт против оваа власт“, вели Митовски.

Latest News

Зошто и вакцинираните може да се заразат со вирусот? – Омикрон повеќе ги напаѓа и оние кои веќе прележале ковид

Ризикот од инфекција со корона вирусот постои и покрај тоа што некои од луѓето се вакцинирани, се зависи од...

More Articles Like This