December 2, 2021, 5:05 am

Митовски: Фалcифиkyваа историја, фабрикуваа снимки не ме чуди што фалcифиkyваа и личнa картa на Данела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Митовски, уредник на Инфомакс, во гостувањето во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, ги коментираше документите кои СДСМ ги објави за кандидатката за градоначалник, Данела Арсовска, според кои таа има бугарско државјанство. Митовски истакна дека се работи за фалсификувано документи и дека Арсовска никаде, во евиденцијата на Бугарија, не фигурира како бугарски државјанин. Митовски посочи дека ваквото однесување е пракса кај СДСМ, кој истите методи ги користеше и порано, за да дојде на власт.

„Ако знаеме како дојдоа на власт, со фалсификати, со монтирање снимки, со монтирање на оние прислушкувани разговори, со фабрикување историја, со ретуширање на херои од македонската историја, не ме чуди што пробаа да фалсификуваат и државен документ на Република Бугарија. Не само Данела, денеска објавивме ние и еден текст, и бугарското МВР ги демантираше, дека таков документ постои, и Бугарската агенција за Блгари в чужбина.“

Митовски додаде дека демант стигна и од бугарските државни органи.

„Бугарските државни органи ги демантираа, па потоа се обидуваа да спинуваат дека еве има, еве лична карта и слично. И таа лична карта што ја објавија, бугарскиот весник 24 часа БГ, којшто е стар весник во Бугарија и доста сериозен весник, вели Кандидатот за градоначалник за Скопје, Данела Арсовска, ‘њама издадено блгарска карта’. Во нивниот текст се вели дека нивниот репортер, на 24 часа БГ, при проверка во системот на бугарското МВР, не го пронашол докиментот којшто го извадија како лична карта, вели Грешка, документ со тој број со лице родено на 20.12.1978 не фигурира во списокот на бугарските лични документи.“, вели Митовски.

Тој потсети на сите поранешни скандали на СДСМ, кога со фалсификат туркаа партиски интереси на штета на Македонија и македонскиот народ.

„Што значи дека се работи за класичен фалсификат, за една кампања којашто е својствена само на СДСМ; и да не заборавиме, само со фалсификати направија и конфликт, оној, големото уво, со фалсификати урнаа влада, со фалсификување на изборна волја направија сопствена влада, фалсификуваа терористички напад во собрание, фалсификуваа историја, Гоце Делчев, фалсификуваа изборна волја, референдум, резултати од референдум, па ќе фалсификуваат и документи, кога е дојдено нож до коска, веројатно, подготвени се на сѐ“, потсетува Митовскки

Latest News

Вучиќ открива: Дeмонстpaнтите на пpoтecтот беа вoopyжени

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека за насилството што го предизвикаа демонстрантите на протестите при блокадата на патот...

More Articles Like This