December 4, 2021, 6:51 pm

Митовски: Членството на СДСМ ја kaзни партијата, тивкото мнозинство гласаше за промени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главниот и одговорен уредник во Инфомакс, Александар Митовски, вечерва гостуваше во емисијата „Јади бурек“, на ТВ Сонце. Митовски во своето гостување се осврна кон првиот круг од локалните избори кои се одржаа на 17 октомври.

Митовски потсети дека од започнувањето на изборниот молк па до завршувањето на изборниот процес, редакцијата на Инфомакс преку четири мобилни екипи на терен го следеше почитувањето на изборниот молк. Она што беше регистрирано на камерите на новинарите на Инфомакс беше дека работеа само штабовите на СДСМ, додека сите други штабови беа затвореи.

„И такви флагрантно прекршување на законот е недозоливо. Не може да важи законот за други парии, а за една да не важи, за тие што се на власт. Законот или важи, или не важи. Никој не им дал на нив повластена позиција. Никој не им дал дозвола да се однесуваат на наќин нанкојшто се однесуваат. Без разлика која политичка партија е на власт. Денес е СДСМ, утре ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, и ВМРО-ДПМНЕ не смее да го прави тоа“, вели Митовски.

„Тоа е одраз на културата на ова раководство на раководството на СДСМ, што на крајот се одрази на нивниот резултат, што е покатастрофален од фијаското кога Радмила Шекеринска беше претседател на партијата.а идеја беше да покажеме дека може да се почитува законот и дека може, ако се има храброст, ако се има идеја, да се издејствува тој закон да биде почитувам Она што мене не фрапираше е незаинтересираноста на полицијата. И сеа не знам јас колку е тоа фраширачки за другите, од аспект на тоа, се знае, полицијата, кој е на власт за него слугува, за 250/300 евра плата спремни се под кирија да се дадат“, додава тој.

Митовски нагласи дека е незамисливо непостапувањето на полицијата, макар и на поединци, кои место да се спротивстават и да го зачуваат интегритетот на институцијата, го вртат погледот настрана и замижуваат пред ваквото кршење на законите.

„Тоа што така реагираат, тоа е одраз на културата на ова раководство на СДСМ, што им се одрази на резултатот што е покатастрофаален од оној катастрофален пораз, фијаско на Радмила Шекеринска, кога таа беше претседтел на СДСМ. Сега имаат околу 260 000 гласа…“, вели Митовски.

Митовски потсети дека двајца новинари во Инфомакс, кои известуваа од терен беа нападнати, а потоа уапсени во моментот кога снимаа поткуп во прилепската наслеба Тризла, наместо да бидат приведени лицата кои го вршеа поткупот. Новинарите беа нападнати од страна на две лица, едниот осуден криминалец, пуштен 20тина дена претходно за да одработи на изборите, осуден за педофилија, другиот е татко на еден од најпознатите рекетари во градот, извесен Џемо, во пПрилеп е познат по однесувањето, но и полициското досие. Како повод на нивното приведување беше наведено неовластени снимање, и покрај тоа што тие снимаа на јавен простор. Наредбата за приведување беше добиена од страна на началничка, инспектор во Наркотици, која е сестра на Џемо и е десна рака на оној уапсениот началник на полицијата Кире Чипсио кој што го фатија во акцијата на ДЕА со 200 кг марихуана на Плетвар.

„Е такви луѓе беа задолжени да го чуваат интегритетот на изборите. Интегритетот на секој глас.“, вели Митовски

Митовски потенцираше дека токму членството ја казни СДСМ и не излезе на гласањето.
„Малата излезност ја претпоставував, поради тоа што гоема излезност, и генерално излезноста има некоја основна вредност кога на пример излегуваат членставата на партиите и гласаат. Најмала беше на предвремените парламентарни кога излегоа 315/316 000 од секоја парија. Тоа беше една од најниските стапки на излезност во државата. Е сега, мојата претпоставка на мината емисија беше дека членствотот на СДСМ нема да излезе во толкав број, затоа што најголем дел од нив се разочарани. И она што го видовме сега, беше де факто, тоа. Членството на СДСМ не излезе да гласа, оправдано.за нивната опција имаа околу 260 000 гласа. Од друга страна, тоа што ВМРО-ДПМНЕ го доби на овие избори е 60тина илјади гласови за вкупна разлика од 55-60 000 гласови со СДСМ. Тоа е драстична разлика. Значи не излезе да гласа членството на СДСМ, а излезе да гласа членстовот на ВМРО-ДПМНЕ и другите партии од опозицијата. И затоа ќе биде мала излезноста за нив, но ќе биде поголема за опозицијата“, анализира Митовски, додавајќи дека членството не излегува бидејќи не верува дека нивниот глас нешто ќе промени.

Latest News

Ги засука ракавите: Ременски не чекаше, веднаш ја започна со кампањата со реден број 1

Централната изборна комисија на СДСМ денеска утврди дека три од четирите кандидатури за иден претседател на СДСМ се целосни....

More Articles Like This