December 4, 2021, 6:41 pm

Митовски: Ceгa дoaѓa нa влacт нoвa гeнepaција на пoлитичapи, коja тpeбa дa pacчиcти co cтapитe пpaкcи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашната емисија на ТВ Сонце гостуваше уредникот на Инфомакс Александар Митовски, кој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има одлична шанса затоа што има нови кадри, нова идеологија и нова визија.

„ВМРО-ДПМНЕ има одлична шанса затоа што има нови кадри, има нова идеологија, десничарска, нова визија, и тука некаде би требало да се стави рез на меѓугенерациската борба. Значи, ова е нова генерација на политичари кои што сега доаѓа на власт и треба да расчисти со старите пракси“. – потенцираше Митовски.

„Старите пракси беа, „доаѓа ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ му прогледуваат низ прсти на Љупчо, овој-оној, ај ќе ги пуштиме, утре ќе бидеме ние“… Од тој аспект ви кажувам дека ВМРО-ДПМНЕ сега има абсолутно право и одлична можност, конечно сега да расчисти со таквите практики, значи нема попуштање… „нема тогаш оној ми заврши работа, па сега ќе му попупштам“, законот и тогаш и сега мора да важи за секого“. – истакна Митовски.

„Исто така, меѓу другото, ВМРО-ДПМНЕ се обврзаа за програма која што е заснована на борба со корупција и со висок криминал“. – дополни Митовски.

Latest News

Ременски започна со кампањата: Не е време за дворски игри, подметнувања и суети – време е да засукаме ракави за победа

Централната изборна комисија на СДСМ денеска утврди дека три од четирите кандидатури за иден претседател на СДСМ се целосни....

More Articles Like This