December 4, 2021, 6:23 pm

Митовски: Oбвинитeлcтвoтo ги бapa cвиpкaчитe кoи oбjaвиja зa пpeдизбopниoт пoтkyп oд Bлaдaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашната емисија на ТВ Сонце гостуваше уредникот на Инфомакс Александар Митовски кој истакна дека Обвинителството ги бара cвиpкaчитe кoи oбjaвиja зa пpeдизбopниoт пoткyп oд Bлaдaтa.

„Денес дознав уште една информација, а тоа е дека веќе во администрацијата започнале со регресија, со притисоци. Прво е почнато од Влада. На околу 10-тина службеници им биле одземени мобилните телефони, при тоа што на некои службеници се под сомнеж дека го фотографирале оној лист од седница на Влада, во кој што стои одлука на Влада да се финансиски да се помогнат компании на неколку дена пред избори. Тоа на прес-конференција го објави ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително:

Заев спротивно на Изборниот законик на дневен ред на владата ставил точка за гласање без расправа – Доделување на финансиска поддршка на 159 компании, на само 4 дена пред одржување на локалните избори.

Со ова се крши член 8а од Изборниот законик, чиј што ст. 1 и 2 најстрого забрануваат исплаќање на буџетски средства во тек на кампања.

Чл. 8-а ст.1 т.3 вели: „Не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори“.

Latest News

(Видео) Hемири во Виена: Над 10 000 демонстpaнти се cyдрија со полицијата која со кучиња ја рacтеруваше толпата

Во центарот на Виена се одржуваат бројни протести на противниците на мерките за корона и задолжителната вакцинација, поради што...

More Articles Like This