МИХАЈЛОВСКИ: Да забраниш филм врз основа на изгледан трејлер за него, само докажува какви дилетанти ја черечат културата кај нас

  • September 14, 2018

Легендарниот македонски актер Тони Михајловски реагираше на забраната на филмот ,,Ругање со Христа”. Тој констатираше дека дa забраниш филм врз основа на изгледан трејлер за него, само докажува какви дилетанти ја уништуваат културата во Македонија.

 

-Да забраниш филм врз основа на изгледан трејлер за него, само докажува какви дилетанти ја черечат културата кај нас.

Додека премиерот Зоран Заев бара „законски начин да се спрели говорот на омраза“ во филмот „Ругање на Христос“, филмот на Јани Бојаџи се закити со награда за иновативност на Меѓународниот филмски фестивал во Монтреал, Канада.

Филмот ја имаше својата светска премиера на 30 август во Монтреал, а вчера на свеченото затворање на фестивалот му беше доделена наградата.

Претходно «
Следно »