November 28, 2020, 2:21 am

Мицевски до СДСМ: “Baшaтa влaдa нeмa кaпaцитeт дa плaниpa eкoнoмcки мepки и иcтитe дa ги peaлизиpa”

Поврзано

Протести – Македонскиот народ не може да биде предмет на разговори и договори

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Охрид и во уште шест градови низ земјата одржа надпартиски протест со моторни возила организирани...

Маричиќ потврди дека разговараат за „многу прашања“ со Бугарија

Mинистерот за правда, Бојан Маричиќ изјави дека целосно стои позади премиерот Заев и неговите искрени намери во отворање на...

Саша Богдановиќ фaти cтpaнa, ги прифаќа kpитиките и cyгестии на Црвенковски

За писмото на поранешниот претседател на државата, но и претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски и неговиот повик партијата да...
- Advertisement -

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ се обрати на денешната собраниска седница каде што посочи дека оваа влада преводена од СДСМ нема капацитет да планира економски мерки и истите да ги реализира, а за тоа доказ е и економската состојба на државата и реализираните капитални инвестиции.

„Од проектираните средства за трите пакет мерки на имаме реализација над 33% од вкупните средства. Или од прилика 550 милиони евра колку што се планирани да бидат вратени на граѓаните и на стопанството, реализирани се 180-190 милиони евра“, истакна Мицевски.
Мицевски додаде дека така ќе биде и со четвртиот пакет на мерки, затоа што во поголем дел од мерките има доста скриени работи кои што подоцна излегуваат на виделина, и не можат да се реализираат во стопанството планираните средства.

„Секаде има некое дополнително ставено во запирка, или со мали букви треба да се реализира ова за да се добие тоа, треба да го има ова за да се добие другото. Така да не очекувам дека овие пакет мерки ќе го дадат саканиот резултат. Зошто го зборувам ова? Ние за да излеземе од целата оваа работа, вие во самата ваша дискусија рековте да не се држиме до капиталните инвестиции, и дека сега сме во таква ситуација во која што се наоѓаме и не може да се реализираат капиталните инвестиции. На крајот на денот капиталните инвестиции се тие што создаваат додадена вредност во економијата, го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните“, појасни Мицевски.

Мицевски посочи дека капиталните инвестиции се инвестиции кои што практично работата за подобрување на климата во економијата. Поради неспособната власт во Македонија капитални инвестиции немаше и кога не постоеше КОВИД-19.
„2018-тата година немаше КОВИД-19, капитални инвестиции процентот од БДП најслаб имаше 1.8%. А, во 2019-тата година капитални инвестиции имавме 2.6% од БДП. Оваа влада нема капацитет за да планира економски мерки и истите да ги реализира“, нагласи Мицевски.

Latest News

Тасевски до Захариева: Вашето минато нема да го зaборават синовите и внуците на оние отceчени глави со кои сте се сликале како администратори

Актерот Сашо Тасевски ја потсети минитерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева за злостортвата што ги правеле „администраторите“...

Дишеме отpoв: Енормно зaгадување во неколку градови во Македонија

Во главниот град и вечерва не се дише поради енормното аерозагадување. Мерната станица во Ново Лисиче повторно покажува највисоки вредности, дури 435 ПМ 10...

Доктор од Охрид пoчинa од ковид-19

Во шеесеттата година од животот, по кратко боледување како последица на Ковид 19, денеска во Скопје, почина познатиот доктор-специјалист, ортопедски хирург и сестран уметник,...

Лекари kpaделе оpгани од мpтви пациенти во Кина

Шест лица, од кои повеќето лекари, се уапсени во Кина поради кражба на органи на починати пациенти, јавија локалните медиуми. Криминалната група ги лажела семејствата...

Владата дeмaнтиpa дека Заев се договорил со Бугарија

Владата на Северна Македонија остро реагира на текстот објавен на вашиот портал со наслов "Зоран Заев ги прифатил сите барања на Бугарија, следува потпишување...

More Articles Like This