September 24, 2020, 9:41 pm

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски додека тој не покаже дека претседател на сите граѓани

Поврзано

(Видео) Уште еден случај на полициска бpyталноcт

Уште еден случај на полициска бpyталност фатен на кaмера. На социјалната мрежа фејсбук се појави видео на кое се...

Во Србија и Косово ќе се инвестираат 5 милијарди долари во инфраструктура, ние тука сѐ уште збориме за еден автопат Кичево-Охрид

Претседателот на Комисијата за транспорт и инфраструктура на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на Телма телевизија во дебата со актуалниот министер за...

Ивановски кон Бочварски: Македонија е cлeпо црево на Европа во инфраструктурата

Претседателот на Комисијата за транспорт Синиша Ивановски, во вечерашната „Топ тема“ на Телма телевизија истакна дека Македонија е слeпо...
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски после средбата со претседателот Стево Пендаровски истакна дека од овој момент ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски додека не видат, како што вели, дека истиот е претседател на сите граѓани.

-По она што денес се случи, а тоа е неуставно доделување мандат на пратеник, кој нема докажано мнозинство во рамки на парламентот, имавме средба со претседателот Стево Пендаровски. По час и половина дискусија, заклучивме дека денеска Зоран Заев изразил уверување дека ќе работи на создавање паралементарно мнозинство, рече Мицкоски по средбата.

Мицкоски обвини дека Пендаровски брутално ја привитазираше позицијата претседател на државата.

-ВМРО-ДПМНЕ не го дискутираше мандатот на Пендаровски, напротив. Од моја страна изразив забелешки за неговото работење, особено за време на вонредната состојба за институционален поткуп на овие избори. Истовремено како се менуваше Изборниот законик на ден пред почнување на изборната кампања со што СДСМ беше фаворизирана. Истото денес го стори Пендровски со доделување мандат на лице кое нема во моментов парламентарно мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со Стево Пендаровски и ќе ги преиспита политиките кои ќе ги води во однос на кабинетот. За жал, се приватизирани институциите за личен и партиски интерес, рече Мицкоски.

Пендаровски му кажал дека Заев го уверил дека ќе обезбеди парламентарно мнозинство, но според Мицкоски тоа не е доволен доказ за доделување на мандатот.
-Како аргументи претседателот рече дека Собранието е конституирано, ги наведе примерите од 2006 и 2016 година и тоа дека добил уверување дека Заев ќе обезбеди мнозинство, рече Мицкоски

Latest News

(Видео) Уште еден случај на полициска бpyталноcт

Уште еден случај на полициска бpyталност фатен на кaмера. На социјалната мрежа фејсбук се појави видео на кое се...

Поради дефekт дел од Скопје утре без вода

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека на ден 25.09.2020 (петок) поради уличен дефekт ф – 80 мм., на ул. Варшавска бр.8, пpeкинато...

Заврши натпреварот, Шкендија загyби од Тотенхем

Последниот македонски претставник во фудбалските евро-купови за оваа сезона, тимот на Шкендија, вечерва зaгуби од Тотенхем со 1:3 на Националната арена „Тодор Проески“ во...

Силен зeмјотрес во Албанија, почувствуван и во Мaкедонија

Во 21:21 по локално време, земјотрeс во Албанија на 29 km југозападно од Елбасан, 9 km североисточно од Лушње (Lushnjë). Зeмјотресот беше со јачина...

Во Србија и Косово ќе се инвестираат 5 милијарди долари во инфраструктура, ние тука сѐ уште збориме за еден автопат Кичево-Охрид

Претседателот на Комисијата за транспорт и инфраструктура на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на Телма телевизија во дебата со актуалниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски,...

More Articles Like This