МИЦКОСКИ ВО СОФИЈА:Оствари средби со Хан, Курц и Туск

Поврзано

НЕ СЕ 67 ТУКУ 76 НОЗАРАЗЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Дури 52 се од Скопје!

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи...

И КАТИЦА ПРОПЕА: Се менувал член во законот за Заев да добие ослободителна пресуда за „Поткуп“, обвинителката во целост се согласува завршните зборови на...

Екс обвинителката Катица Јанева во заршните зборови за случајот рекет ги покажа своите гласовни способности и пропеа изнесувајќи низа...

(Видео) ПОЧНА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО АМЕРИКА?!: „Падна Рим“, им се удри ли нивниот камен од глава?!

Многумина гледам по социјалните мрежи ликуваат на она што се случува во Америка, велат нека видат како ни беше...

Во рамките на самитот на Европската народна партија во Софија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Резиденција Бојана оствари средби со Јоханес Хан и Себастијан Курц.

На билатералната средба со комесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, кој воедно е и потпретседател на Европската народна партија, Мицкоски разговараше за повеќе актуелни теми поврзани со евроинтеграциите на Република Македонија, како и за вкупните политички состојби во Република Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информираше Хан за актуелните случувања во Република Македонија, за економските движења, за политичката состојба, како и невклучувањето на опозицијата во преговорите околу името.

Двајцата соговорници ја нагласија потребата од постојана комуникација помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Европската комисија, како и силно позиционирање на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската народна партија.

Христијан Мицкоски оствари средба со австрискиот канцелар, Себастијан Курц. На средбата стана збор за македонско- австриските односи, како и за вкупните процеси на европеизација на регионот, односно како земјите од Западен Балкан да бидат поблиску до ЕУ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информираше Курц во делот на моменталните актуелности и влошените економски индикатори, влошената економската клима во Македонија и стагнирањето на економијата.

Себастијан Курц како лидер на австриската народна партија порача дека ќе продолжи досегашната и идна соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и неговата партија. Курц најави дека тој и неговата партија ќе бидат силни поддржувачи за проширување на ЕУ, како и поддржувачи на силната позиционираност на ВМРО-ДПМНЕ во ЕПП.

Мицкоски оствари разговор и со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск. Се разговараше за стратешката цел на државата за интеграција во Европската Унија и за продлабочување на соработката на тој план.

Актуелно

НЕ СЕ 67 ТУКУ 76 НОЗАРАЗЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Дури 52 се од Скопје!

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи...

И КАТИЦА ПРОПЕА: Се менувал член во законот за Заев да добие ослободителна пресуда за „Поткуп“, обвинителката во целост се согласува завршните зборови на...

Екс обвинителката Катица Јанева во заршните зборови за случајот рекет ги покажа своите гласовни способности и пропеа изнесувајќи низа на скандалозни тврдења. Јанева во своето...

(Видео) ПОЧНА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО АМЕРИКА?!: „Падна Рим“, им се удри ли нивниот камен од глава?!

Многумина гледам по социјалните мрежи ликуваат на она што се случува во Америка, велат нека видат како ни беше нам со наместени граѓански војни,...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА: Вилма не ме мрази туку ми љубомори, ама ако нека пукне

Дека е прљав играч, дека е злобен може да кажам. Орце се заебал, мене не можеше да ме купи. Може некој друг може да...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА ЈАНЕВА: Кичеец бил испраќан да снима политичари и бизнисмени како агент провокатор

Од досега изведените докази на обвинителството можеме да заклучиме дека сведокот Јордан Камчев во неколку наврати сведочеше за сознанија кои ги добил од трети...

Повеќе вести