December 8, 2021, 10:49 pm

Мицкоски: Дедо ми беше активен во црквата има напишано библија за деца која уште се продава во соборен храм

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашната емисија на Алфа Телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што кажа дека дедо му бил активен во црквата и има напишано библија за деца која уште се продава во соборен храм.

„Мојот татко практично се сели во Скопје 67- 68 година, тој е по потекло од Кичево или што би рекле Кичевчани од Чифлик тоа се оние староседелци од Кичево како што ги гледаме и покоен Стојмир неговиот татко како што и неговиот татко, дедо ми покоен Томе и тие потекнуваат чие што име го носи чичко ми, односно на татко ми братот,тие потекнуваат од навистина пристојна христијанска фамилија дедо ми до неговата смрт би рекол беше прилично активен во црквата дури има напишано и библија за деца, Стојмир Мицкоски кој што е ете би рекол благословена и од археепископот на Македонската Православна црква“ нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека дедо му практично го описменил и го научил на првите букви, бројки и равенки.

„Тоа е пишувано веднаш по распадот на поранешната држава човекот имаше таков еден ракопис би рекол навистина фантастичен бидејќи живеевме во едно семејство во еден стан во ценртарот на градот на Булевар Маркси Енгелс во една соба живеевме јас мојата мајка и татко ми во другата соба беа чичко ми Томе братучетка ми Радмила и за жал покојната стрина Анкица сопругата на чичко ми Томе и дедо ми покојниот. Тоа беше еден убав би рекол семеен живот многу луѓе на мало место. Мајка ми тогаш беше студен на медицински факултет студирашње татко ми работеше во металскиот завод тито и практично детството и оние први прошетки тука низ градскиот парк до градскиот стадион до сегашната влада до луна паркот и слично беа со дедо ми Стојан. Практично тој ме описмени, тој ме научи првите букви да ги пишувам, првите рабенки по математика, да ги собирам бројките, да ги одземам и така натаму. И навистина имаше еден прекрасен ракопис би рекол красноспис. И сето тоа беше напишано на лист нормално потоа прекуцано обработено компјутерски и како семејство го финансиравме тоа издание на таа библија за деца мислам дека и до ден денеска во Соборниот храм во центарот на градот може да се најде“ нагласи Мицкоски

Latest News

(Фото) Ископан скелет од досега непознато животно, научниците немаат објаснување

Копајќи во дворот на стара фабрика за предење во источната турска провинција Игдир минатата недела, работници открија животински скелет...

More Articles Like This