April 23, 2021, 12:03 pm

Мицкоски: Добивам бeзброј зakaни по животот, но не им се плaшaм, ќе продолжам уште поcилно, или Македонија, или мaфиjaтa

Поврзано

Заев цeлосно ја ykинува позицијата на Шекеринска

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев планира целосно да ја укине позицијата заменик-претседател на партијата што во моментот ја извршува...

Мизрахи: СДСМ и власта нека си погледнат во дворот и нека се запрашаат зошто мнозинството е такво какво што е

Во вечерашното издание во емисија „Патот кон" на ТВ Алсат М гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи...

Први сме по cмpтнocт, последни по имyнизација: Албанската опозиција бара остaвки од Венко Филипче и Илир Хасани

Следејќи го темпото на вакцинација на населението во Македонија и споредувајќи го тоа со европските земји, дури и оние...
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија „Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на моменталната политичка ситуација, лошите владини мерки, како и на актуелниот случај со издадените пасоши на мафијаши и наркобосови во Република Македонија.

Мицкоски вели дека изминатите неколку денови од непознати броеви добивал безброј закани по неговиот живот и по животот на неговите најблиски, но дека тоа нема да го поколеба во борбата против оваа криминална и расипничка власт. Тој додаде дека овие притисоци датираат од многу порано, односно секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе тргне да објавува криминални афери на власта, тогаш се активираат насилниците кои најверојатно работат по нечија директива.

„Јас сум се нафатил на оваа работа и стојам на чело на ВМРО-ДПМНЕ затоа што мојата намера е да расчистиме еднаш засекогаш со овие криминални политички гарнитури. Македонија не може да застане на нозе, ако вакви луѓе продолжат да ја водат државата. Покрај сите закани и уцени кои ги примам секојдневно, можам да порачам само дека нема никогаш да престанам и дека оваа борба ќе ја водам се додека оваа власт не падне, а потоа сите до еден да одговараат пред лицето на правдата. Македонија не смее да остане земја на криминал”, истакна Мицкоски.

Власта неколку години по ред се крие и ги штити своите соработници преку закани, уцени и притисоци. Неколку пати тие тргнаа тоа да го прават лично кон мене, некогаш кон ВМРО-ДПМНЕ, некогаш дури и кон членови на ВМРО-ДПМНЕ. Залудни се нивните обиди да ја замолчат опозицијата и да го замолчат ВМРО-ДПМНЕ. Допрва доаѓаат деновите кога ќе бидат расветлени сите случаи кои јавноста не ги знае, а заслужува да биде запознаена како за овој случај поврзан со пасошите, заврши Мицкоски.

Latest News

На инфekтивнитe oддeлeниja вo зeмjaвa ce лekyвaaт 942 пaциeнти

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 942 пациенти...

More Articles Like This