October 21, 2021, 12:32 am

Мицкоски до Заев: Ако чувствувате грам одговорност ќе си дадете оставkа, а не да пуштате болници без дозвола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во ТВ дуелот со Зоран Заев во Канал 5 телевизија, во врска со трагедијата во Тетово, истакна дека бил пуштен објект без дозвола за употреба и приклучен со електрични инсталации, а премиерот Заев ако има грам морална одговорност за истото ќе си поднесе оставка.

-Имате директна вина за овој објект како и за сите останати, најпрво да бидат приклучени на електрично напојување за коишто постојат индиции дека е тоа кое го предизвикало пожарот, а потоа има директна вина затоа што дозволиле роднини, што треба да покаже истрагата дека нема одобрение за градба и дека е пуштен во употреба без соодветни документи, што треба германските истражители кои еден ден беа тука да утврдат, вели Мицкоски.

Тој истакна дека станува збор за случај каде нема одобрение за пуштање во употреба, а техничкиот документ го нема, и праша зошто се дозволило да има електрично напојување и го праша Заев дали ги видел тие објекти и каква била енергетската потреба за тие објекти за да бидат приклучени со таков електричен приклучок.

-Јас нема да завршам затоа што оваа тема не е завршена тука има морална, политичка, но и кривична одговорност, порача Мицкоски.

Latest News

Бајден јавно призна дека е загрижен поради кинеските хипepcонични pakeти

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека е загрижен за кинеските хиперсонични ракети, неколку дена откако медиумите објавија дека...

More Articles Like This