МИЦКОСКИ ДО ЗАЕВ: Прифати дебата, јас и ти очи во очи веднаш ќе ти кажам што мислам за апстиненцијата, но прво да одговориш за наведнатата кичма, за губењето на идентитетот, за одземеното достоинство на народот

  • September 16, 2018

И така силно грчевито се борат да не се збори за договорот и затоа избега од дебата, човекот кој се колнеше и бараше дебати. Па сакал да му кажам што мислам за апстиненција? Прифати Зоран Заев дебата јас и ти без медиумската машинерија и скапо платените советници, јас и ти очи во очи на било која телевизија, ти ветувам на таа дебата на крај веднаш ќе ти кажам што мислам, за апстиненцијата, но претходно ќе треба и да одговориш за наведнатата кичма, за губењето на идентитетот, за одземеното достоинство на народот, за наместените тендери, за криминалот кој го правиш на дневно ниво и зошто нема никаква санкција за тоа, ова денеска од Штип му го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Зоран Заев.

Мицкоски додава дека нема вечно обвинителството да биде немо на криминалот а судовите да работат под притисок.

-Ќе дојде ден ќе се постави прашањето за одговорност и за тоа како среде центар на град сам си кажува дека поттикнува поткуп и врши притисок на фирми само за да луѓето излезат да гласаат на референдумот. Истото тоа го прави со години наназад, дали тоа биле парламентарни или локални избори. Па нели тоа е еден нечесен однос и потценување на својот народ, ова ли се тие европски вредности Заев со кои ти ја полнеа устата на полупразните плоштади ширум Македонија, потенцира Мицкоски.

Претходно «
Следно »