November 27, 2021, 9:54 am

Мицкоски до Пендаровски: Пpoблем е кога носителите на највисоките функции немаат најосновни познавања на терминологијата во меѓународните односи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот фејсбук профил ја коментираше одлуката на претседателот Пендаровски да ја одбие понудата Македонија да стане дел од Европската економска зона.

Дали има алтернатива членството во ЕУ од кое сме се подалеку со оваа влада? Не, нема, ниту сега, ниту пред една година, ниту во иднина, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во продолжение го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:

Дали Пендаровски треба да ја искористи секоја прилика да обезбеди членство во меѓународни организации кои ќе значат нови стандарди?

Да секако!

Дали Пендаровски прави разлика помеѓу Европска економска заедница која формално е пресликана во Европската Унија и за која вчера говореше и од друга страна Европска економска зона чиишто темели се во 1992 година за која денес пишува статус?

Очигледно дека не!

Да потсетам Стевo Пендаровски е Претседател на државата.

Проблем е кога носителите на највисоките функции немаат најосновни познавања на терминологијата во меѓународните односи, а претендираат да ја водат Македонија напред во меѓународната сфера.

Дали има алтернатива членството во ЕУ од кое сме се подалеку со оваа влада? Не, нема, ниту сега, ниту пред една…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, December 8, 2020

Latest News

ВМРО-ДПМНЕ: Кој дал наредба автобусите на Беса транс да поминуваат граница над 100 пати без дозвола? И кој ќарувал од нелегалниот бизнис кој однесе...

Оставки и Спасовски и Бочварски, Беса транс возеле без дозволи, минувале граници и контроли, системот работел за мафијата, се...

More Articles Like This