Мицкоски: Економијата оди надоле затоа што имаме опасна неспособност на Владата

Поврзано

Фетаи и Бубевски позитивни на корона?

Новинарот Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил откри детали за љубовниот живот на екс специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи....

Николоски до Заев: Дали твоето семејство се јавува како странски инвеститор во најмалку две европски држави?

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 4 вечерва во Прилеп кажа...

Од утре нови цени на горивата во Македонија

Утре напладне, Регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Покрај серија на прес конференции на власта за тоа како добро се живее и колку многу се помага на економијата, во реалноста имаме вистински хаос од проблеми, беспарица и тежок живот. Тоа што лошо се менаџира кризата со корона е голем проблем. Но, подеднакво лошо дури и многу хаотично е во економијата, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.


Неговата прес-конференција ја пренесуваме во продолжение:

Имаме три пакети на мерки и многу пластично можат да се споредат ефектите од нив. Бенефити нема, се полошо е во економијата а најновиот пакет мерки освен за пи-ар нема никаква корисна функција, односно може слободно да се каже дека претставува изборна измама. Имама која сега се вика трет пакет на мерки, а иста како онаа дека ќе имало просечна платат од 500тини евра, чист воздух, ќе дошол живот, ќе имало реформи во судството и правосудството, правда за секого, фејсбук и Гоогле ќе дошле ќе инвестирале во Македонија итн.

Единственото економско достигнување остварливо за владата е дефицитот и тоа е околу 200 милиони евра за 4 месеци. Секое домаќинство е задолжено со нови долгови, а граѓанинот исто како и бизнисот мака мачи да сврзе крај со крај.

Не е ова мегдан за добивање на политички поени, туку да се укаже дека вака повеќе не оди и дека економијата страда. А економијата оди надоле затоа што имаме опасна неспособност на владата на Заев и Спасовски. Само датумите се нови, а исти се лагите, невистините и манипулациите.

Во продолжение би сакал да се осврнам на неколку конкретни показатели врз основа на кои одлучивме на првата лидерска средба кај претседателот Пендаровски да се воведе вонредна состојба. На тој состанок постоеја две причини за да се воведе вонредната состојба и тоа првата беше поради тоа што имаше потреба да бидат одложени веќе закажаните предвремени парламентарни избори кои што требаше да се одржат на 12 април и втората беше дека е потребно да се донесе пакет економски мерки кои што ќе бидат помош за граѓаните, но и помош за стопанството.

Што се случи? Се донесе уредба со сила на закон за одложување на изборите кој што ја нема легитимитетот од опозицијата и за тоа зборував во неколку наврати изминатите денови за време на моите изјави кои што ги давав во јавноста, бидејќи ќе спомена уште еднаш техничкиот министер во Министерството за внатрешни работи не ја гласаше таа уредба од причини веќе познати на јавноста., а кога сме кај сетот економски мерки би сакал малку подетално да се осврнам на ефектот од истите.

Имено, денеска е точно 66тиот ден од воведување на вонредната состојба, нема да се задржам на уредбите со сила на закон кои што некому му донесоа лиценца за одгледување на марихуана, нема да ги коментирам уредбите за брусење на дијаманти или уредбите кои што требаше вонредно да извршат исплата на платите на поранешните вработени во Специјалното јавно обвинителство. И нема да ги коментирам уште 10тиците такви уредби, ќе се задржам само на оние уредби кои што требаше всушност да бидат економска поддршка за граѓаните и за стопанството.

Во првиот сет мерки кои што ги донесе ресорниот министер и владата, две беа точките кои што беа клучни и тоа 50 проценти субвенција на придонесите и втората е одложување на аконтацијата на данокот на добивка за втората ќе повторам буџетски импликации нема, а за првата да има и во продолжение ќе ја запознам јавноста колкава е искористеноста на таа мерка.

Вториот сет на мерки беше мерката 14.500 денари помош за компаниите или минимална плата помош за компаниите за месеците април и мај и покрај тоа што ние како опозиција велевме немојте да го оставате стопанството 2 месеца без никаква помош, ајде да го вклучиме и месец март бидејќи стопанството мора да остане живо бидејќи само живо стопанство и реален сектор значат стабилна и загарантирана иднина за нашата држава и за нашите граѓани.

Но, каква е реалноста? Вкупно беа предвидени 60тина милиони евра месечно помош во двата месеци, а тоа се месеците мај и јуни, т.ес месецот мај требаше да биде исплатена помошта за месецот април и месецот јуни треба да биде исплатена помошта за месецот мај и со тоа да бидат опфатени вкупно 250 илјади граѓани.

Но, каква е реалноста? Вкупно во месец мај помош за месец април добиле 17. 813 правни субјекти или компании или вкупно 110 илјади вработени што е за два и пол пати речиси помалку од тоа што беше предвидено со уредбата а во вкупен износ, а во вкупен износ се исплатени нешто повеќе од една 1,5 милијарди денари или околу 25 милиони евра што е за нешто повеќе од 2 пати помалку од она кое што претходно го најавуваше владата. Економската поддршка за стопанството која што беше опфатена во првиот и вториот сет на мерки не само што не е исполнета и не само што не е испорачана како што била планирана и ветена пред стопанството и реалниот сектор туку е 2 до 2 ипол пати помала споредено со она кое што беше ветувано.

Сега доколку вонредната состојба заврши на 30 мај и доколку претседателот Пендаровски не одлучи да ја продолжи вонредната состојба од тој момент престанува на сила уредбата во која е суспендиран членот 8 а од Изборниот законик што значи дека помошта која што треба стопанството да ја добие во месец јуни, а се однесува за месец мај не може да ја добие доколку избори се случат во следните 60 дена започнувајќи од 31 мај завршувајќи во 31 јули. Уште една лага која што е испорачана од ресорниот министер, Заев и Спасовски.

Доаѓаме до најголемата лага а тоа е т.н. трет сет на мерки кој што четврти пат ни се најавува на четврта различна прес конференција од трана на ресорниот министер. Овој трет сет на мерки опфаќа три групи на мерки кои што ги предвидела владата. И тоа првиот е посветен на поттикнување на јавната потрошувачка и се однесува на помош кон граѓаните, вториот е исто така помош кон стопанството и третиот е помош кон земјоделието и земјоделците.

Третиот пакет мерки се всушност мерки кои се и онака дел од програмата на работа на министерството за земјоделие и не знам, на каков начин истите тие мерки кои од практично мерки кои се редовен план на работа во министерството за земјоделие стануваат антикризни мерки.

Но, кога станува збор за првата група од третиот сет на мерки, би ги издвоил следниве подгрупи, и тоа првата се 150 евра ваучер за граѓани коишто ќе бидат оценети по методологија која што се уште никој не ја знае како изгледа и каква е и ќе бидат исплатени ваучери по методологија која што никој не ја знае каква е и на кој начин ќе им бидат исплатени. И она што никој не го знае од каде ќе бидат исплатени тие средства.

Втората под мерка е 100 евра ваучер за туризам и 50 евра џепарлак, исто така не се знае која група на граѓани по која методологија ќе бидат опфатени и не се знае начинот и средствата кои што ќе бидат искористени и по која методологија ќе бидат исплатени овие мерки. И третата подгрупа се 100 евра за студентите и средношколци, основците се тука заборавени, не знам зошто, и 50 евра дополнителен џепарлак.

Сето ова има за цел да биде едно ветување предизборно во обид за поткуп преку еднократна мерка која што практично, а така веруваат во владата ќе обезбеди поддршка од страна на граѓаните кои што ќе бидат евентуални корисници на овие мерки по парламентарните избори.

Зошто? Затоа што истото што важеше за вториот сет на мерки, ќе важи и за третиот сет на мерки, односно веднаш после 30 мај доколку не биде продолжена вонредната состојба а сите изгледи се такви дека нема можност за продолжување, членот 8 а од изборниот законик стапува на сила и сите овие вонредни исплаќања на плати, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци кои што не се редовни месечни примања, се кривично дело кое што е казниво со закон и затворска казна од минимум 5 години.

Ја користам ова прилика, до сите оние кои што ќе се обидат на ваков начин, лажно и лицемерно да ветуваат, сите оние кои што ќе се обидат да поткупат, сите оние кои што ќе сторат кривично дело ќе добијат кривична пријава.

А ја користам ова прилика и денешнава прес-конференција да ја повикам државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси и антикорупциска комисија, да излезе со став за сето ова кое што изминативе денови по четврти пат од ресорниот министер и од владата им беше соопштувано на македонската јавност, им беше ветувани нешто што никогаш нема да се исполни.

Почитувани граѓани, би сакал да ја искористам оваа прилика, да споменам, да бидете спокојни, по завршување на парламентарните избори новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сето она што пред, беше земено како обврска од страна на оваа влада на СДСМ која што е во заминување, ќе биде исполнето.

Ние не сме влада која што носе еднократни мерки за поткуп. Ние сме влада која што има стратегија и јасен пристап како ќе се обнови Македонија после пандемијата со коронавирусот.

Да бидат спокојни и бизнисмените ќе го добијат ветениот рамен данок од 8%. Да бидат спокојни и вработените ќе ги добијат ветените покачувања. Да бидат спокојни граѓаните ќе се изградат автопатите и ветените патишта. Да бидат спокојни земјоделците ќе ги добијат сопствените субвенции.

На нас ни е потребна стратегија, а не ни се потребни еднократни мерки. Да бидат спокојни докторите, младите, студентите, средношколците, основците, пензионерите, сето она кое што ВМРО-ДПМНЕ го вети, во новата влада ќе го испорача и не само тоа туку и сето она кое пред вас го презема како обврска оваа влада во заминување предводена од двоецот Заев и Спасовски.

Актуелно

(Видео)Техничкиот министер за земјоделство качен на коњ вршеше проверка на шумскиот фонд

Ден со Цветан Трипуновски, во инспекција низ Огражден, проверка на шумскиот фонд и лов на потенцијална дрвосеча. https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/745665222864670/

Во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Прилеп

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите на Прилеп. Cледете во живо: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/360493781586587/

Во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Крушево

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Крушево. Неговото обраќање во живо можете да го...

(Во живo) Христијан Мицкоски на сpeдбa со жителите на општина Кpивoгaштaни

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од општина Кривогаштани. Неговото обраќање може да го следите...

ВМРО-ДПМНЕ убедливо победува на 15 јули, Заев губи и во Муртино

ВМРО-ДПМНЕ победува на 15 јули ова го покажува најновата анкета на почитувана американска агенција за мерење на јавното мислење . Анкетите по изборни единици...

Повеќе вести