МИЦКОСКИ ЗА ИСКАЗИТЕ ВО „PEKET“: Еден исказ не ги прави сите споменати политичари kpиминaлци, како што еден исказ не ги прави винoвни луѓето до 27.април

  • September 13, 2019

Се согласувам јас со вас и немам дилема. Ќе се согласам значи со вас дека, во Рекет само една изјава не ги прави сите криминалци, исто како што со еден исказ не требаше за 27 април да ги судат по 17 години и мислам дека треба да се согласите со мене. Тие лица се наоѓаат таму без ниту еден друг доказ, само поради една изјава, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија АлсатМ во емисијата 360.

Мицкоски укажа дека ако се поразговара со адвокатите на луѓето осудени со затворски казни за 27 април со 17, 18 години затвор, јасно ќе кажат дека тие се наоѓаат таму врз еден исказ кој дури и се менуваше.

-Мора да бидеме честити. Ако овде имаме исказ да почекаме да видиме дали ќе биде покренато обвинение, дали врз основа на тоа ќе има судски процес и како ќе заврши истиот. Јас верувам во презумпција на невиноста, но еве јас ви дадов една правна аналогија како на еден исказ има луѓе кои се осудени на по 18 години затвор, рече Мицкоски.

АЈ ДА ВИДИМЕ ШТО ВИКА ФЕРМАНОТ: Исказот на Орце Камчев во oбвинитeлcтвo ја oтkpива целата виcтинa за „Pekeт“

 

ШТО ВИКА „KATИЉ“ ФEPMAHOT НА ДРУГИОТ CBEДOK: Се барало pyшвeт од ceмejcтвото на Кондоминас, а Владата ќе пoмoгнeлa да се постави нов директор на Телеком

 

Претходно «
Следно »