August 13, 2020, 9:57 am

МИЦКОСКИ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ: Јас на референдумот ќе гласам против

Поврзано

Деветнаесет години од потпишувањето на Охридски рамковен договор

Пред деветнаесет години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во...

Во 12 часот, Пендаровски ќе му го врачи мандатот на Заев

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска треба да му го довери мандатот за составување нова влада на лидерот на...

Се чека на Koмисијата за зapaзни болecти и Владата да одлyчaт како ќе се одвива учебната година

– Комисијата за заразни болести, како што најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, треба да има завршен состанок,...
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека премиерот Зоран Заев потпишал капитулација со договорот со Грција и дека на евентуален референдум за промена на името ќе гласа против. Тој кажа дека опозицијата не била вклучена во процесот и дека Заев ги монополизирал преговорите.

„Јас како Христијан Мицкоски ќе гласам против на тој таканарачен референдум. Претседателот на Владата поради неговата неспособност да ги води преговорите како што треба потпиша капитулација и ги прифати сите барања на Грција. Ако не ми верувате мене отворете ги грчките медиуми каде детално е опишано што се е прифатено и Заев тоа шверцерски се обиде да го протне како успех“, рече Мицковски.

„ВМРО-ДПМНЕ не остапува од својот став дека нема да поддржи уставни промени со цел промена на уставното име“, рече Мицкоски.

„Колку и да изгледаше среќно Заев, насмеан, гледајќи од далеку, ова е пораз.Прифаќањето на таканаречениот договор значи прифаќање на сите барања на Грција. Таканаречениот договор кој предвидува и внатрешна употреба на новото име, е договор за капитулација“, рече лидерот на опозицијата веднаш откако Заев во Скопје и Ципрас во Атина соопштија што се договориле.

Тој кажа дека е подготвен уште утре да оди на предвремени избори.

Мицкоски побара референдумот да биде задолжителен, а не консултативен и побара да се разјасни кој има надлежност во потпишување вакви договори, дали Владата или Претседателот на државата.

Претходно на прес конференцијата во Владата Заев кажа дека денеска го информирал лидерот на опозицијата за постигнатиот договор, но дека тој не бил тука и дека деновиве ќе му го достави текстот на договорот на увид.

Мицкоски рече дека имал обрски, но ќе остане во државата за да му биде доставен договорот на увид.

Заев рече дека заедно со министерот за надворешни работи за утре побарале средба со претседателот Ѓорге Иванов, а дека веќе во четврток Владата треба да донесе одлука за прифаќање на договорот.

„Планот е во четврток на Влада да донесеме одлука за овој договор и согласно тоа се надеваме дека викендов ќе може да организираме средба. Беше најавено дека тоа ќе биде Преспа, се уште тоа не е утврдено. Планираме тоа до понеделник да го завршиме. Секако референдумот е планиран есента, а по успешен референдум ќе следат уставни измени, а потоа грчкиот парламет да го ратификува и договорот“, кажа Заев.

Latest News

Деветнаесет години од потпишувањето на Охридски рамковен договор

Пред деветнаесет години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во...

Гoлeм пoжap из6и во тeкoт нa нoќтa вo Гpциja

Голем шумски пожар изби во текот на ноќта на грчкиот остров Икариа, а според грчките медиуми не претставува опасност за населените места. Според истите информации,...

Помпeo во пocета на Словенија, потпишyва изjaва за 5G мpeжата

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе престојува денеска во кратка посета на Словенија, за време на која ќе биде потпишана заедничка изјава за безбедносните...

Kopoнaвиpycoт нajдeн и на пилeшки кpилцa yвeзeни од Бpaзил

Примерок на смрзнати пилешки крилца увезен од Бразил во Кина е тестиран позитивен на коронавирус, соопштија денеска локалните власти во јужниот кинески град Шенжен,...

Во 12 часот, Пендаровски ќе му го врачи мандатот на Заев

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска треба да му го довери мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Врачувањето е закажано...

More Articles Like This