Мицкоски: Израел има право да го заштити своето население

Поврзано

- Advertisement -

Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од ракетен оган од појасот Газа кон Израел. Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо и дополнително ги зголемува тензиите во регионот. Истовремено го издвојуваме правото на Израел за заштита и одбрана на своето население и територија од нападите на терористичката организација Хамас.

Апелираме кон политичките лидери во Израел и во регионот да продолжат со вложување на искрени напори за деескалација на судирите и одлучно да дејствуваат против екстремизмот кој создава сериозни безбедносни проблеми и го загрозува животот на цивилното население.

Изразуваме длабоко сочувство за секој изгубен живот и посакуваме што побрза деeскалација на состојбите, што би значело мирен и безбеден живот за сите граѓани во тој регион.

Latest News

Отворена нова истpaга пpoтив Гугл поради онлајн рекламирање

Антимонополските власти на ЕУ ќе отворат уште еден фронт против „Гугл“, дел од „Алфабет“, со започнување на официјална истрага...

More Articles Like This