МИЦКОСКИ МУ ДАЛ ШАХ ПОЗИЦИЈА НА ЗАЕВ: Предлогот на Мицкоски за прашање бил „Дали сте за договорот со Грција кој го уништува нашиот идентитет, јазик и кулутра?“

  • July 24, 2018

Неименувани извори на порталот Плус Инфо потврдија дека лидерот на опозицијата е тврдо оревче, на кое налета Зоран Заев на патот до конечно спроведување на националното предавство олицетворено во договорот за промена на името со соседна Грција.

Имено во однос на референдумското прашање кое како што го наговести Заев ќе биде мошне конфузно, Мицкоски дал свои предлози, но во ниту еден од нив не се споменувало членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Логиката го вели следново, јасно е дека има голем број на граѓани кои се за ЕУ и НАТО, но исто така има голем број од нив кои не сакаат да го променат името и Уставот на својата држава, и да се откажат од својот идентитет, јазик, историја и култура.

– Специфично е дека во ниту еден предлог за референдумското прашање не се споменува дека Договорот за името со Грција е поради членство на Македонија во ЕУ и во НАТО. Напротив, предлозите беа долги, на пример, дали сте за Договорот со Грција за промена на името на државата со промена на Уставот, идентитетот, јазикот… вели учесник на лидерската средба за порталот Плусинфо.

Заев наводно бил мошне гневен кога Мицкоски го споменал последниот предлог по што завршила средбата кој гласел „Дали сте за поддршка на договорот со Грција кој го уништува целосно нашиот идентитет, јазик, култура…“.

Очигледно Заев има проблем со вистината, а тој негов проблем се потврди во повеќе наврати кога тој јавно го менуваше својот став по однос на голем број прашања меѓу кои и решавањето на проблемот кој Грција го има со македонското име.

Претходно «
Следно »