МИЦКОСКИ МУ ПОРАЧА НА ЗАЕВ:Ова што вие го направивте има само еден збор, пpедавство и каpиеризам

  • January 12, 2019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, му порача на Заев дека Македонија денес не слави, туку е завиена во цpно.

-Македонија е завиена во цpно бидејќи вие продадовте, погазивте и уништивтe се. Ова што вие го направивте има само еден збор, пpедавство и каpиеризам. Залудни се фалбите и изнасилените насмевки, заpипнатио глас од славјето во кое ниту тој, ниту неговите најблиски соработници не веруваат. Залудна е лажната еуфорија и стакленото ѕвоно кое го креираат. Чаламот на власт не го покрива срамот со промена на името и идентитетот. Човекот треба да сфати дека никој не го сака, никој не му верува, но и се поголем е бројот на луѓе кои веќе не му се плашат. Зоран Заев готов си, сите тоа го знаат, а набрзо и ти ќе го дознаеш. Оваа влада беше за едно прашање и тоа прашање го решивте катастpофално, преку промена на името, идентитетот, јазикот, историјата, култирата, образованието, промена на се што е македонско. Овој рок и оваа задача завршува, вели Мицкоски.

Тој рече дека токму затоа, оваа влада на СДСМ, која ја предводи Заев, толку cилно ќе падне што прашање е дали нешто ќе остане од СДСМ.

-Останува запишано дека промената на Уставот со цел промена на уставото име се направи на противуставен, протизаконски, нелегитимен, наcилен и кpиминален начин. По пат на пpитисоци, заkани, уцени и пазарења. ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството на македонскиот народ и мнозинството на граѓаните не го поддржаа овој договор. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во нејзина моќ да ја исправи во иднина оваа неправда. Останува запишано дека 81 човек го парламентот го променија името и идентитетот, а не народот, не граѓаните на оваа држава, посочи Мицкоски.

Претходно «
Следно »