МИЦКОСКИ: На референдумот СДСМ доби шлаканица, а на парламентарните избори ќе доживее нокаут

  • November 9, 2018

Во интервју за Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски говореше за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ за промените кои се случуваат во самата партија и ова според него е нормална работа во политиката каде се менуваат луѓето и политиките.

© AP Photo / Thanassis Stavrakis

-„ВМРО-ДПМНЕ помина низ еден катарзичен период во кој се случија определени промени. Всушност во политиката тоа е нормален процес тоа е динаминчна работа, се менуваат луѓето се менуваат политиките но она што знам сигурно е дека ВМРО-ДПМНЕ не само што ќе порази СДСМ туку ќе го порази и жестотко. На референдумот СДСМ ја доби шлаканицата а нокатутот ќе го добие на следните предвремени или редовни парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Претходно «
Следно »