МИЦКОСКИ НА СОСТАНОК ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА: Владата нема решение за економските проблеми, ние ќе го вратиме рамниот данок и ќе ја укиниме акцизата за горивата

  • November 29, 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со тим од партијата имаше состанок со претседателот на Стопанската Комора на Македонија, Бранко Азески. Мицкоски се осврна на лошата економска клима во државата, особено предизвикана од лажните ветувања на Зоран Заев и СДСМ пред предвремените парламентарни избори во 2016 година.

Осврнувајќи се дека беше ветуван раст на БДП од 5%, а година иполовина не можеме да мрднеме од нула како стопанство заклучи Мицкоски, дополнувајќи дека сега откако власта виде дека не може да се справи со реалните проблеми и да обезбеди раст се решила да ги зголемува даноците.

Тој кажа дека проекциите за раст на економијата владата сама ги намалува постојано, прво на 3.2%, па паѓаме на 2.8%, иако целиот свет ни вели ако биде 2% треба да сте задоволни, тоа секако не е доволно, бидејќи инфлацијата и тие 2% ги јаде значи реалната нето резултанта е под нулата, односно македонската економија оди надоле, а граѓаните се се понезадоволни од квалитетот на животот и се се посиромашни, и најголем дел од нив одлучуваат повремено, а дел и трајно да ја напуштат Република Македонија.

Мицкоски кажа дека откако владата видела дека не може да се справи со реалните проблеми и предизвици одлучила да ги зголеми даноците. При што уште еднаш повтори дека на правата владина седница откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт ќе го врати принципот на рамен данок, но и укинување на зголемената акциза за нафтата и нафтените деривати. Тој кажа дека ја поддржале идејата на Стопанската Комора за реиндустријализација на Република Македонија и диверзификација на извозот, при што кажа дека тоа се темели и на партиските анализи, според која индустријата во БДП учествува со 11.2%, ако истата се спореди со 90 – тите години, кога Македонија станала независна држава таа била 2.5 пати повеќе од сега. Како што констатираше Мицкоски сегашното ниво на учество на индустријализацијата во БДПД е премногу ниско и затоа ни е потребенн нов пристап на реиндустријализација, што е и барање и на Стопанската Комора, а ВМРО-ДПМНЕ во програмата која ја изработува креирала пристап и емпириски може тоа да го спроведе.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе настојува на почест дијалог заедно со бизнис заедницата. Бидејќи бизнис заедницата е есенција во постоењето на Република Македонија како држава, не само со Стопанската Комора на Македонија, туку и со останатите коморски здружувања кои постојат во Република Македонија, бидејќи многу е важно да политиките кои што ги предвидува ВМРО-ДПМНЕ да ги практикува откако ќе ја формира идната влада во Република Македонија, да ги претстави пред коморите, изјави Мицкоски.

Мицкоски дополнително посочи дека тие ги усогласуваат политиките со бизнис заедницата, при што ги моделираат и нивелираат економските политики, бидејќи како што кажа тој основна цел на ВМРО-ДПМНЕ е да ги заштити интересите на граѓаните, а заштитувајќи ги интересите на бизнис заедницата и работодавачите се заштитуваат интересите и на Република Македонија и на граѓаните.

Претходно «
Следно »