МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО БУГАРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Румен Радев на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ разговараа за иднината на регионот

  • February 16, 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

На средбата, како што информираат од партијата, се разговарало за повеќе теми важни за регионот, стратешките интереси на Република Македонија и за актуелните случувања во државата.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека е за развој на добрососедски односи, кои треба да се градат на реципрочна основа, и взаемно почитување, и во таа насока добредојдени се сите иницијативи кои ги рефлектираат овие заложби. Својот соговорник Мицкоски го запозна и со актуелните случувања во државата при што нагласи дека загрижувачка е загрозената демократија, политичкиот терор спроведуван од власта и стангирачката економија која се одразува врз стандардот на граѓаните, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Мицкоски посочил дека е потребна интеграција во Европската Унија и НАТО, и за таа цел добредојдена е и поддршката од Република Бугарија.

Тој констатирал дека за жал нема никаков напредок во поглед на реформските приоритети врзани со интеграција на државата.

-Иднината на регионот е во овие организации, во цврстите пријателства и меѓусебното почитување, додаде Мицкоски, пренесуваат од партијата.

Претходно «
Следно »