February 28, 2021, 1:51 am

Мицкоски: Нема да поддржиме kpшење на Уcтaвoт за онлајн гласање на закони во Собранието

Поврзано

Георгиевски: Бугарскиот пapлaмeнт дa дoнece дeклapација дека македонската нација и jaзик ce фopмиpaни пocлe 1944

Екс премиерот Љубчо Георгиевски, на Фејсбук гo коментараше актуелниот  македонско-бугарски спор. Неговото размислување кое наиде на бројни негативни коментари, ви...

Филипче aпeлиpa maтичнитe лeкapи дa ги пpиjaвyвaaт хpoничнo 6oлнитe зa вakциниpaњe

Министерот за здравство д-р Венко Филипче при денешната посета на гостиварската болница изјави дека преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ и преку...

(Видео) АА и А го “нokayтиpaa” Заев: “Ce ceќaвaтe кoгa виe фpлaвтe кaмeњa и пaлeвтe инcтитyции?”

Спречувањето на вчерашниот протест од страна на полицијата е противуставно, но и противзаконско, велат од коалицијата Алијанса за Албанците...
- Advertisement -

„Не, прашањето за поддршка и не поддршка на онлајн гласање е прашање дали поддржувате кршење на Уставот или не. А, нашиот став од сам почеток уште од кога јас сум претседател еве и овие три години е дека не поддржуваме кршење на Уставот и неуставни творби нема да поддржиме, вклучително и онлајн гласање“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување во централниот дневник на телевизија Сител.

Мицкоски додаде дека Парламентот има 120 пратеника во одреден момент и некој од пратениците да може да биде отсутен и да не биде отсутен, тогаш Парламентот може да заседава и со 117, 116,115 пратеника.

„Ние не сме доведени во ситуација да не можеме да формираме мнозинство во Парламентот од 61 пратеник. Кога тоа ќе се случи тогаш би размислувале за некои други варијанти но не и кршење на Уставот. Ќе ве потсетам пред изборите токму овие од владиното мнозинство не повикуваа да го кршиме Уставот и во ек на пандемија, вонредна состојба да се вратиме назад во Парламентот. Тогаш Парламентот можеше да заседава без онлајн седница. Лицемерие е. Не треба ние да бидеме лицемерни и не треба да гледаме низ призма на интересот тесноградо како нашите партиски интереси бидат што повеќе задоволени или незадоволени. Треба да се држиме до принципите. Принципот во нашиот случај е дека нема да поддржиме никако прекршување на Уставот и нема да поддржиме никако седница која што би била спротивна на Уставните начела какомшто е онлајн седницата“, нагласи Мицкоски.

Latest News

Во бopбaтa пpoтив Koвид-19: Италија ги зaocтpи мepкитe вo пeт oд двaeceт peгиoни

Италија ги заостри ограничувањата во пет од 20-те региони на земјата во обид да го спречи ширењето на новите...

More Articles Like This