October 19, 2021, 3:27 pm

Мицкоски: Нешто што вреди 18 милиони евра, Заев го плати 33 милиони, тука се пљaчка државата и тука се kpaдат граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како се пљачка државата и како власта ги краде граѓаните, може да се види по примерот како Зоран Заев даде двојно повеќе пари за Макпетрол отколку што беше вредноста, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Клан, додавајќи дека со тие пари можеа да се направат многу работи за да се подобри животот на македонските граѓани за време на кризата.

– Зошто никој не го поставува прашањето како во услови на криза се преплаќа цената на 50 проценти сопственост на гасоводот во Макпетрол за цели 33 милиони евра. Замислете што се можеше да се направи со 33 милиони евра, истакна Мицкоски.


Тој како пример за подобро да се разбере како се преплати гасоводот за Макпетрол посочи дека ниту еден човек не би платил 40 илјади евра за автомобил кој вреди 20 илјади, но Заев од народните пари плати двојно повеќе.

Тоа се случи денеска, нешто што вреди 18 милиони евра да го плати за 33 милиони евра. Тука се пљачка државата и тука се крадат граѓаните, потенцираше Мицкоски

Latest News

Владата усвои нови протоколи за работа за кафетериите и рестораните

Владата на денешната редовна 113-та седница, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии...

More Articles Like This