МИЦКОСКИ ОД ШТИП: Никој не сака криминалци и лажговци, а најмалку сојузите кон кои се стремиме!

  • September 16, 2018

Под плаштот на европската иднина на државата се спроведува пљачката на векот. Се злоупотребува силната желба на македонскиот народ и сите наши сограѓани за европски стандард, вистински просперитет, стабилност и сигурност на државата, за да се истера агенда која е против сите наши државни и национални интереси – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш во Штип

СДСМ мисли дека ако дадат се ќе им биде дадено се. Но тој исти трик го имаат употребено премногу пати досега и нема да дозволиме да им помине уште еднаш.

Илузијата која мислат дека успешно ни ја продаваат, како и на многу наврати во нивното минато, силно ќе им се удри од главата еден ден. Никој не сака криминалци и лажговци. Никој не толерира такво поведение, а најмалку сојузите кон кои се стремиме.

Ве повикувам да бидете внимателни. Ве повикувам да бидете претпазливи кон се што кажуваат и во се што сакаат да поверуваме. Сакаат да поверуваме во една лага која ја наметнуваат преку нивните брутални и едногласни кампањи преку напад на сите сетила. Bез исклучок во првите 20 минути се посветени само и само на една тема, како да се излезе и поддржи договорот, еднолично и манипулативно. Нема простор за спротивставено мислење, за да нема црв на сомнеж, затоа што тие сакаат вие да поверувате во една лага кои тие ја сервисираат како единствена вистина, а зад која се крие наше обезличување како народ и држава.

Претходно «
Следно »