October 27, 2021, 10:14 am

Мицкоски: Процентите од пописот нема да ни ги вратат луѓето што си заминуваат поради лошиот живот, треба пред сѐ да создадеме иднина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Патот кон” во Алсат М телевизија, вечерва, во однос на потенцијалните резултати од пописот во земјава, истакна дека процентите од пописот нема да ни ги вратат луѓето кои си заминуваат за да работат во странство заради лошиот живот тука, туку треба да се обезбедат услови за сите граѓани и да се создаде иднина која ќе го подобри животот.

-Не можам да одговорам на хипотетички прашања, тоа е исто како некој да рече дали ќе се прифатат податоци од пописот ако Македонците се под 70% или дали ќе ги прифатите податоците од пописот ако Турците се помалку од 8% и сега наместо да разговараме за обична статистичка операција, ние разговараме за политиката и политиката ја претвораме во естрада и разговараме за бројки, наместо да ја развиваме Македонија,

Мицкоски вели дека е поразително тоа што на пописот се попишани помалку луѓе од колку што има на избирачкиот список и помалку граѓани отколку што биле попишани претходниот попис, како и дека тоа е индикатор дека нешто не е како што треба, и како индикатори е важно тоа дека се намалува бројот на население што е за него суштински важно.

-Ако ние имаме податоци дали општина Тетово има 80 или 120 илјади жители, за да знаеме како да ја развиваме за 120 илјади жители или за 80 илјади жители, многу е важно дали Битола има 100 илјади жители или има 60,70 или 140 илјади жители за да може општината да се развива така како што треба тоа за мене е посуштинско, а ако претвораме дебата во проценти не сме во насока на она коешто го зборуваме, вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Македонија ја гледа како држава на сите луѓе, и дека му пречи ако се водат криминални политики и се кршат законите и во Тетово и во Струмица, и во Скопје, и во Охрид, и во Дебар ако се кршат законите, а поважно е луѓето во Македонија да не ги гледаме како проценти, туку како луѓе на кои треба да им го подобриме животот.

-Ние треба реториката на проценти да ја напуштиме и да зборуваме за една иста кауза тоа е создавање на нова иднина, каде ќе се има повеќе пари во џебот, каде ќе се обезбедат подобри услови за нашите семејства, да се обидеме да донесеме повеќе инвеститори во Македонија, наместо нашите луѓе да ги полнат фабриките низ Европа, истакна Мицкоски.

Тој посочи пример за негова студентка, албанка, која наместо да работи како асистент на факултетот, таа работи во Цирих на универзитетот како професор и не сака да се врати заради лошиот живот, а процентот нема да ја врати нејзе, исто како што нема да врати многу други кои си заминале, затоа мора да се работи на создавање на подобра иднина за сите, за да нашите млади не ги полнат болниците и фабриките во странство наместо да работат дома, вели Мицкоски.

Latest News

Главен на параполициските структури кои вршат поткуп и заплашување во Битола е Васко Ковачевски

СДСМ е во паника и се поочигледниот пораз сака да го минимизира со поткуп и насилство, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во...

More Articles Like This