September 30, 2020, 9:43 am

МИЦКОСКИ РЕАГИРАШЕ ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ: Луѓе го губат здравјето поради неспособноста на власта, ветуваа чист воздух, добивме најзагаден во Европа!

Поврзано

„Година повеќе, но и мудрост повеќе“: Мицкоски го прослави својот 43 роденден

рестедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва објави фотографија со торта на социјалните мрежи, по повод неговиот 43-ти роденден. „Година повеќе,...

(Видео) Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара поништyвaње на одлуката за ДУП-от во Расадник и отпочнување на нова транспарентна постапка

Сoветничка група на „ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија“ во општина Кисела Вода на денешната седница побара надополнување...

(Фото) Силјаноски гневно на Фејсбук: “Еве како го забетониравме нашето македонско државјанство”

“Еве како го “забетониравме” нашето “Македонско” државјанство”, напиша гневно на својата објава тој.
- Advertisement -

Ветуваа чист воздух, а добивме држава со најзагаден воздух во Европа, луѓе кои го губат здравјето поради неспособноста на власта да испорачаат резултати.

Ноември 2017-та година Зоран Заев и неговите градоначалници ветуваа чист воздух, година потоа, ноември 2018-та година, епилогот е Скопје и неколку други града од државата на црните билтени во Европа по најзагаден воздух. Уште едно фијаско, уште еден срамен и болен неуспех на власта кој овој пат се плаќа со здравјето на граѓаните.

И ова не е некое несуштинско, неисполнето ветување поради кое ќе доживеете краткотрајно разочарување и неколкуминутна нервоза, нивната неспособност сега се плаќа со здравјето на граѓаните, со нивните животи. И не е само до тоа дека не посветуваат внимание, дека здравјето на граѓаните не им е приоритет, туку едноставно не ги бива.

И потребно е да ги засукаат ракавите, и наместо да бараат оправдување во наводно неисправни мерни станици за квалитетот на воздухот, да сработат суштински мерки и активности кои ќе доведат до почист воздух. Нека престанат со периферните и популистички мерки кои освен уште еден ден поминат низ медиумите во фалење, за граѓаните значи потрошен ден без резултати. Респираторните и канцерогени болести се единствената “добивка” од нивната неспособност. Нема време за чекање, овој пат неспособноста на Заев, Шилегов и останатата армадила политичари на власт граѓаните ги чини живот. Скопје наместо метропола препознатлива во Европа по настани и новости, станува град обвиен со црнила, смет и смог кој убива. Потребен е активизам и посветеност. Секој поминат ден да не дозволиме да значи загубено здравје, а луѓето од власта, Централна и Градска треба да бидат свесни дека ова оди на нивната нечиста совест.

Latest News

Ефтини лаптопи нема, најефтиниот е 40 илјадарки

На ден пред почетокот на учебната година продавниците каде што вообичано има компјутерска опрема,се празни-нема ниту еден лаптоп или...

Две години од пропаднатиот референдум за името

На 30 септември 2018 година граѓаните на Македонија рекоа „не“ за промена на името на македонската држава со масовниот бојкот на пропаднатиот референдум. Речиси две...

Шахпаска до народот: Ако немате компјутери ќе си купите во октомври

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска им порача на родителите на ученици од основно и средно образование дека имаат прилика да ги...

„Швалерите го шират коронавирусот“: Српски професор со шокантна изјава

Горан Белојевиќ, професор на Медицинскиот факултет во Србија, по кој знае кој пат ја шокираше јавноста зборувајќи за коронавирусот. Овој пат, тој ги обвини...

Индустријата колабира: Пaд од 9,1% на индустриското производство во август

Индустриското производство во август годинава, во однос на август лани, бележи пад од 9,1 отсто, а во периодот јануари – август 2020 година, во...

More Articles Like This