December 2, 2021, 5:21 am

Мицкоски со одговор за oбвинyвањата за профитерство: Заев сетете се на малата Тамара, на Moнструм, на случајот Нешковски, како ги злoyпотребувавте случаите за да седнете во фотелја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако некој злоупотребувал човечки судбини за политиканство тоа е Зоран Заев, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ дуел во „Само вистина” на Канал 5, одговарајќи на обвинувањата на Заев за политичко профитерство во врска со случајот во модуларната во Тетово.

Мицкоски го потсети Заев како лично тој манипулираше и злоупотребуваше човечки судбини само за да дојде на власт и да седне на фотелја, притоа потсетувајќи го на случаи како малата Тамара, Нешковски, Смилковско езеро.

– Сетете се на малата Тамара, сетете се како ги лажевте родителите на децата од Смилковско езеро, сетете се на Саздо, на Мартин Нешковски. Ако некој злоупотребувал човечки судбини за политиканство тоа сте вие. Мене тоа никогаш не ми се случило ниту ќе ми се случи, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е државоторна партија и никогаш не злоупотребувала несреќи за разлика од СДСМ и Заев кои се пример за злоупотреба на човечки несреќи.

Latest News

Вучиќ открива: Дeмонстpaнтите на пpoтecтот беа вoopyжени

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека за насилството што го предизвикаа демонстрантите на протестите при блокадата на патот...

More Articles Like This