МИЦКОСКИ СО ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЗАЕВ: Нема да поминат јаловите обиди за уцена на пратениците, паднаа маските!

  • October 8, 2018

По молкот од владејачката партија на вчера изнесените предлози од страна на опозицијата за излез од политичката криза во која западна Македонија по неуспешниот референдум и настојувањето на Заев да го протурка договорот по секоја цена, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати отворено писмо до Заев

„Отворено до премиерот на Владата Зоран Заев

СДСМ одби, Премиерот молчи. Паднаа маските и се покажа вистинското лице на власта.
За жал СДСМ имаше прилика да докаже дека борбата против криминалот има некакво значење за оваа власт. Наместо тоа Заев покажа три работи:

Прво, преку неприфаќањето на предлогот и неговото молчење за формирање на независно обвинителство кое ќе се бори против криминалот одбра да се стави во улога на заштитник и промотер на криминалот, неправдата и безаконието во оваа држава. Дополнително со тоа покажа дека борбата против криминалот е само фарса за оваа власт и дека токму таа кумува со сите криминални процеси во државата.

Второ, со самото тоа што не се откажува од штетниот договор Заев не ја почитува волјата на граѓаните и пораката кажана на референдум дека договорот се отфрли. Договорот преку кој Заев сака да ја прекрсти на сила државата и народот, е последната сламка за спас на неговата кариера и неуспешен обид да избега од одговорност за сите афери и скандали. Нема друга држава во Светот каде премиерот отворено си кажува дека нема да ја почитува волјата на мнозинството граѓани и јавно кажува дека поисплатливи му се јаловите обиди за условување и уцена на пратеници. Тоа нема да помине.

И трето, со отфрлањето на предлогот кој го дадов, Заев и власта покажаа дека се плашат од слободни, фер и демократски избори, затоа што знае дека на тие избори народот ќе си дојде по своето и ќе бидат жестоко поразени, како што беа и на референдумот што помина.
Затоа би порачал уште еднаш да размисли власта и премиерот, затоа што не е сеедно кој на чива страна бил. Јас веќе одбрав, со народот, на страна на правдата и нашата Македонија.“ – напиша Мицкоски на својот ФБ профил.

Претходно «
Следно »