МИЦКОСКИ СО ПРЕДЛОГ ДО ЗАЕВ: Да формулираме комисија која ќе испита СЈО како ги троши платите

  • March 26, 2019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашната дебата на Само вистина на Канал 5 телевизија со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кажа дека ВМРО-ДПМНЕ бара формирање на комисија која ќе има за цел детално да ги испита примањата на јавните обвинители, односно како што кажа тој има сериозни индиции за криминално трошење на парите на граѓаните.

– Она кое што ВМРО-ДПМНЕ принципиелно го бара е формирање на комисија која што ќе истражи каде до сега се потрошија 15 милиони евра, како се потрошија бидејќи имаме сериозни индиции дека начинот на кој што се трошат парите на граѓаните на оваа држава, даночните плаќачи не се сите согласно законите на Република Македонија потрошени. Имаме индиции и тие индиции ќе ги презентираме пред јавноста, потенцираше тој.

Според Мицкоски крајно непринципиелно е јавните обвинители на СЈО да зема три пати поголеми плати од јавни обвинители во редовните јавни обвинителств, при што запраша што се поразлични овие обвинители од обвинителите во Специјалното јавно обвинителсѕво.

– Второ апсолутно непринципиелно е едни јавни обвинители да бидат демонивирани виза ви други јавни обвинители односно да земаат три пати поголеми примања. Јас верувам дека и во постојното јавно обвинителство имаме потенцијал и капацитет човечки кој што може да направи сериозна истрага и да докаже дали има индиции или нема за сторен криминал. Зошто тие луѓе да се три пати помалку платени од овие луѓе кои што се во СЈО Овие помалку вредат , учеле различен факултет, имаат подруго искуство. Не, и на крајот од денот законот за СЈО е многу јасен, после завршување на мандатот тие се враќаат во рамките на јавното обвинителство, вели Мицкоски.

Претходно «
Следно »